ИСПРАЌАЊЕ ЦВЕЌЕ В ЗАТВОР

Цвеќето цветаше во наше градинче,
како да кандисам, за да го соберам,
и да го накитам и да го испратам
во града Битола, мамо, во занданите,
во занданите, мамо, при моето либе.
Цвеќето се бери, мамо, дури е росно,
а моме се љуби, мамо, дури е младо.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en