СТОЈАНА ТУРЦИ ТЕРАЛЕ

Стојана Турци терале,
терале што го терале
до двана друма широки,
на трети друм го фатиле:
Бели му раце врзале,
в Битола го отерале,
во тие темни зандани,
со тешки пранги на нозе,
чифт белегзии на раце,
со дробен синџир на гуша.
Веља крај зандан врвеше,
дробни си солзи ронеше
и на Стојана велеше:
„Стојане, брате, Стојане,
та веќе ни се здодеа
од оваа пуста зандана.
Зандано, пуста зандано,
да би те огон изгорел,
да би се пепел сторила,
зош' ми го брата ќердоса!"
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en