РОБУВАЊЕ ВО БИТОЛА

Таму долу во Битола,
во Битола, зелена ливада,
во ливада висока топола,
на топола висока пилци стојат,
под топола два бели чадорја
под чадорја брат и сестра седат.
Брат и сестра тихо си говорат:
— Стани, брате, Битола изгоре!
— Ако изгоре, нека изгоре!
Да изгоре, пуста да остане!
За неа јас три години робувам!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en