ФРОСИНА МОМА УБАВА

Фросина седит на врата,
зелен ми ѓерѓеф везеше,
лицето си го везеше,
името си го пишеше:
— Фросино моме убаво,
ето, поминаа гавази,
гавази од Аљиљ-паша,
на Фросина је велеет:
— Фросино моме убаво,
покри си белото лице
со копринена шамија!
От те пуљит Аљиљ-паша
од висоќите дивани
со шарената дуљбија.
— Гавази, џанам, гавази,
јас гајле немам од паша,
јас си сум моме рисјанско.
Ушче зборот недоречен
фтасале двајца сејмени,
мушури од Аљиљ-паша.
Ми кљуквет на вратата,
на Фросина је велејет:
— Фросино моме убаво,
здраво-живо од Аљиљ-паша:
Вечер да готвиш вечера,
одајче да го постелиш
со џамфезлии миндери,
со кадифени перници,
со копринени пердина,
вечер ќе дојдит Аљиљ-паша
со дванаесет гавази,
ти ними да 'и пречекаш!
— Мушури, џанам мушури,
здраво-живо на пашата:
Јас гајле немам од паша,
вечер вечера не готвам,
одајче јас не постелвам
со џамфезлии миндери,
со кадифени перници,
со копринени пердина;
Оту сум моме рисјанско,
оту сум вера крстена;
Алиљ-паша не го сакам!
Ојдо му каза на паша:
— Аљиљ-паша, Аљиљ-паша,
Фросина гајле си немат,
вечер вечера не готвит,
ни пак тебе пречеквит.
— Сејмени, џанам, сејмени,
да одите кај Фросина,
главата да и ја земите,
во табут да и ја клајте,
шетајте ја по Битола!
Фросина в полнош станала,
избегала во Охрида.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en