СЕ ПЕАЛЕ ДВА ВЕРМАНА

Се пеале два вермана,
два вермана во Битола:
Да не носат девојките,
јунаците весоите;
Да не носат девојките,
девојките ѓерданите;
Да не носат невестите,
невестите прцлињата!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en