ОДБОР ЈУНАЦИ

Собрале се, набрале се
седумдесет и сет мина,
и сет мина арамии:
први беше куси Петко,
куси Петко шатрум-патрум
на четири патерици;
и по него касапчето,
касапчето прилепчето,
два кодоша од Вароша,
чукнитапан мажоечки,
вртиколец сенокосец,
сушисливи од Долнени,
мавнивила од Могила,
поп Никола од Битола ...
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en