ПАВЛЕ ПИЈАНИЦА

Тргнал Павле, тргнал Павле
од пусто Мариово,
та ми пошол, та ми пошол
во града Битола,
та ми седнал, та ми седнал
на ладна меана.
Го догледа, го догледа
млади меанџија,
проговори, проговори
млади меанџија:
„Море бујрум, бујрум,
Павле пијаница,
да пиеме, да пиеме,
вино ем ракија."
Mope, Павле пиел, Павле пиел
три дни ем три ноќи.
Тој ми испил, тој ми испил,
три илјади гроша.
Кога дојде време, дојде време
Павле да ми плати,
Павле пари нема.
Проговара, проговара
млади меанџија:
„Еј ѓиди Павле, ѓиди Павле,
Павле пијаница!
Ја продај си, ја продај си
таја брза коња.
Да си платиш, да си платиш
вино ем ракија."
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en