ШТО ВРЕМЕ СИ ДОЧЕКАВМЕ

Што време си дочекавме, де,
жабите делба да делат, де:
Жабите делба да делат, де:
На ергените бабите,
на ергените бабите, де,
на старчиштата момите.
На старчиштата момите, де,
на мојто лудо две моми.
Почнала баба да плаче, де:
„Оф леле, боже, до бога!"
— Молчи ми, бабо, не плачи, де,
јас ќе се качам на мачорот.
Јас ќе се качам на мачорот, де,
ти ќе се качиш на петелот,
Ќе одиме во Битола, де,
ќе си купиме белило.
Re си купиме белило, де,
белило ем и црвило.
Ти ќе се, бабо, набелиш, де,
набелиш ем и нацрвиш.
Ќе станиш лика прилика, де,
ќе бидиш токму за мене.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en