ГУЛАБ ГУГА НАД СЕЛОНО

Гулаб гуга над селоно,
зој, зој, зој, леле:
„Мали моми болни лежат,
зој, зој, зој, леле,
посакале понаидца:
зој, зој, зој, леле,
од Солуна два сомуна,
зој, зој, зој, леле,
од Битола два симида,
зој, зој, зој, леле,
од Тиквеша суво грозје,
зој, зој, зој, леле,
од Охрида пресна риба,
зој, зој, зој, леле,
од Тетово две јаболка,
зој, зој, зој, леле,
ако каснат ќе оздрават,
зој, зој, зој, леле."
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en