ДАЛИ ПАМТИШ ВАСЕ

Дали памтиш, споменуваш се, Васе,
кога бевме во Битола;
Кога бевме во Битола, Васе, Васе,
Тумбе Кафе седевме,
Тумбе Кафе седевме, Васе, Васе,
пресна бира пиевме;
Палтата ни ги зедоа, Васе, Васе,
за да бира платиме.
На Монопол ќе одиме, Васе, Васе,
пари да спечалиме,
палтата да си ги земиме.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en