СПАСИЈА ГУРАБИЈА

Спасијо, гурабијо,
од мала те засакав,
голема не те зедов.
Мажа ти ќе г' отепам,
вдовица ќе те земам.
Ќe те носам Битола,
Битола на пајтони.
Ќe ти купам чадорче,
чадорче со пулајки.
Сонце да не те грее,
дождец да не те врни.
Ќe ти купам пантофли,
пантофли потлачени
и со свила везани.
Ќe ти купам чорапи,
чорапи копринени,
фустанче поласвила.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en