СИТЕ БИТОЛЧАНИ МОМЕ МНОГУ ТЕ ФАЛЕА

Сите битолчани, моме,
многу те фалеа:
Работно си било.
Јас ќе ти купам, моме,
стодрам бабаќ.
Да ми исткаеш, моме,
сто аршини платно!
Тва што ќе престане, моме,
една бела риза!
Сите прилепчани, лудо,
многу те фалеа:
Ти си било, лудо,
многу работно.
Јас ќе ти купам, лудо,
сто драма стребро.
Ти да ми напраиш, лудо,
еден стребрен разбој.
Тва што ќе остане, лудо,
еден стребрен прстен!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en