КОГА СИ БОЛНО ЛЕГНАЛО ЛЕНЧЕ

Кога си болно легнало, Ленче,
ти не си се мене кажало, Ленче,
понада да ти донесам, Ленче:
Битолско топло симиче,
тетовско благо јаболко,
тиквешко вино црвено,
да пиеш и да оздравиш.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en