СЕ СКАРАЛЕ СЕ СТЕПАЛЕ

Се скарале, море, се степале,
се скарале, аман, с' истепале
до три чупи битолчанки,
до три чупи јенималки.
Прва кавга, море, започнала,
друга кавга, аман, засилила,
трета коси искубала
и по лице им фрлила.
Се скарале, море, се степале
сред Битола, аман, Широк Сокак.
Голем резил за Битола,
за Битола, битолчани.
Се скарале, море, се степале
за тој Јонче, аман, љубовџија,
дека трите ги излага,
за четврта се ожени.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en