КАРАМФИЛО ДУЛБИЈО

— Карамфило, Дулбијо,
промени се, дојди си,
на бел камен седни си!
— Дејди лудо и младо,
во што да се променам
кога немам кошула?
— Карамфило, Дулбијо,
да би очи немала,
зашто не си кажала!
Кога си бев в Битола,
битолкине девојки
бело платно белеја,
белки ќе ми дадеја;
Малу ќе да посакав,
малу ќе да украдев.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en