МЕМЕДЕ MOPE МЕМЕДЕ

Мемеде, море Мемеде,
Мемеде, сиро-сиромав,
ни мајка има, ни татко,
ни братец знае, ни сестра,
ни нигде пуста роднина.
Сал' има една тамбура,
тамбура иќителлија;
И она му е скршена,
и она не е негова.
Тргнал Мемед по селата,
девет ми села поминал,
девет девојки заљубил
и уште девет невести,
и сите попови ќерки.
Собрале се селаните
тежок арзовал дадоа
на битолскиот валија
Мемеда да го клеветат ...
Валија вели, говори:
— Слушајте, вие селани,
и вие малце граѓани,
Мемеда што го судите!
Мемед е сиро-сиромав:
Ни мајка има, ни татко,
ни братец знае, ни сестра,
ни нигде пуста роднина;
Сал' има една тамбура,
тамбура иќителлија —
и она му е скршена,
и она не е негова!...
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en