ЧУДО СТАНА ПО СВЕТА

Чудо стана по света —
патрици да се гонат;
тра-ља-ља, ра-ља-ља,
тра-ља-ља, ра-ља-ља.
Први беше врвеше
битољскио просјачина;
и по него врвеше
крушовскио калајџија;
и по него врвеше
прилепскио ѕвончар;
и по него врвеше
тетовскио јаб'лкар;
и по него врвеше
скопскиот опинчар;
и по него врвеше
велешкиот магариштар;
и по него врвеше
штипскио батакчија;
и по него врвеше
радовишкио краставичар;
и по него врвеше
струмичкио пиперџија;
и по него врвеше
комановскио гајтанџија;
и по него врвеше
кочанскио орисчија;
и по него врвеше
полинечкио кераџија;
и по него врвеше
царевоселскио борнаџија;
и по него врвеше
беровскио ракиџија.
Тра-ља-ља, ра-ља-ља,
тра-ља-ља, ра-ља-ља!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en