ПЕСНА ЗА ВЛАДИЦИТЕ

Се собрале, се собрале, набрале
си владици и патрици,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
Првјот беше, првјот беше водеше
солунскиот — лимонаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
воденскиот — копринаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
битољскиот — гајтанџија,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
охридскиот — плашичаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
ељбасански — маслинкаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
дебарскиот — арамија,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
скопскиот — мутавчија,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
велешкиот — афјонаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
брегалнички — оризаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
струмичкиот — калинаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
И по него, и по него одеше
неврокопски — бабаќаре,
ле-лин-до, дим-ба-ба.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en