МОЈТО ЛИБЕ МИ Е БОЛНО

—Офицери, браќа мои,
пуштете ме, леле, да поминам,
да поминам, да заминам,
да го видам мојто либе,
мојто либе ми е болно,
ми е болно, леле, во болница,
во болница, во Битола.
Ко ќе појдам, што ќе видам?!
Бело лице потемнето,
танка снага исушена,
црни очи пропаднати.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en