ВО КРУШОВО ОГАН ГОРИ

Во Крушово оган гори,
во Крушово, Горна Маала;
Мечкин Камен крв се лее,
там' се бијат три војводи.
Там' се бијат три војводи
с турска војска триилјадна.
Први беше Питу Гули,
втори беше Караѓули;
Втори беше Караѓули,
трети беше Алебако.
Петроните им свршија,
манлихери искршија,
уште еден им остана,
за сами да се убијат.
За сами да се убијат,
на тиран да не се дават;
Да ги носат да ги мачат,
низ Битола да ги шетат.
Низ Битола да ги шетат,
на Ат-пазар да ги бесат.
Да се берат анамите,
да се смејат чергарите.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en