ЦВЕТИНИТЕ ОЧИ РАСПЛАКАНИ

Цветините очи черешови
сношти ги видов расплакани,
Цветано моме убаво,
што ми си, Цвете, нажалено,
нажалено, расплакано?
Дали ти е мајка умрела,
или е болен татко ти,
или те тебе посвршија
за тоа либе што не сакаш?
Нито ми е мајка умрела,
нито е болен татко ми,
либето војник ми замина
во таа града Битола.
Од него писмо јас немам,
зато сум толку нажалена,
зато сум толку нажалена,
нажалена, расплакана.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en