ТРГНАЛА КИРА НА ПАЗАР

Тргнала Кира на пазар, јараман,
на пазар во град Кичево, јараман,
да ми го бара Наќета, јараман.
— Браче ле, браче, Наќе ле, јараман,
колку кирија ќе бараш, јараман,
до Влашко да ме однесеш, јараман?
— Невесто, млада Кираце, јараман,
до Битола црните очи, јараман,
до Белград белото лице, јараман,
до Влашко танката снага, јараман.
— Браче ле, браче, Наќе ле, јараман,
не ли е пусто срамота, јараман,
не ли сме пусто роднина, јараман.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en