КИРАЦА МЛАДА НЕВЕСТА

Во петок спроти сабота
Кираца млада невеста
станала рано наутро
бело си лице измила,
руса си коса исчешла,
исчешла, ситно уплете,
та ми отиде на пазар,
на пазар во град Битола.
Таму го најде Наќета,
Наќета рабаџијата,
Наќета кираџијата.
Наќе, ле Наќе, браче ле,
колку кирија ќе сакаш
до Влашко да ме однесиш?
— Кирацо, млада невесто,
Кирацо, лична, убава,
Кирацо, фидан бојлија,
кирија ми е ефтина:
До Скопје црните очи,
до Белград белото лице,
до Влашко рамната става.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en