ГЕЛАЛА СЕВДА ГОЛЕМА

— „Гелала, севда голема,
до век јас ли ќе те учам,
куќата ми ја заложи
за твојте тешки борчеви."
— Појди си града Битола,
купи си кола кочија,
качи си булка убава,
викни си еднаш јуначки:
„Кој ќе се најди да купи,
да купи кола кочија,
во неа севда голема.
" Нашло се жолто Еврејче
да купи кола кочија,
во неа севда голема,
да дади тешко злато,
дваш пати по два дукада,
триш пати по девет дукада.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en