MAKEDONSKI KIRIL (composer)

МАКЕДОНСКИ КИРИЛ (композитор)
Македонски, Кирил (1925-1984), вистинското презиме Вангелов, македонски композитор, еден од поистакнатите претставници на втората генерација македонски композитори. По наговор на татко му, а заради својот музички талент, на 11 години почнал да учи да свири виолина. По завршувањето на основното и средно училиште, во 1947 г. се запишал на музичка академија во Загреб во класата на Крсто Одак, потоа во Сараево во класата на Иво Бркановиќ. Магистрирал од областа на композицијата во Љубљана кај композиторот Луцијан Шкерјани. Во 1970 г. шест месеци престојувал во Варшава како стипендист на полската влада, а во 1974 г. го завршил Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат. Паралелно со компонирањето се занимавал со педагошка дејност, а особено акцент во последните години од животот им дава на истражувањата од областа на музичката психологија, поконкретно - музикотерапијата. Голем дел од неговите сознанија во вид на реферати се претставени, претежно пред странската јавност за што има добиено меѓународни признанија. Автор е на првата македонска опера „Гоце" (во четири дејствија, 1954) со големо историско значење за македонската музика и претставува крупен исчекор во освојувањето на најголемите музички форми од страна на нашите автори. Таа, и покрај се извира од нашиот бит, се потпира на народниот мелос и на сцената оживува дел од нашето историско минато. К. Македонски е автор уште на две други музички дела: „Цар Самуил" - опера (1968), во која ги достигнал своите творечки врвови, и со нејзината прва изведба предизвикал позитивни реакции и „Илинден" (1973), со што го заокружил својот оперски опус и својот перманентен интерес за теми од македонската национална историја. Тој е еден од првите македонски симфоничари-симфониската  поема  „Танчарка" (1951). Подоцна напишал уште пет симфонии (1956/78) и низа други композиции што припаѓаат на различни видови - камерни (повеќе од десет), хорски (дваесетина), детски песни, филмска музика (за десетина краткометражни  и за три долгометражни филмови), музика за (десетина) драмски претстави. Преокупиран со идејата за создавање македонски национален стил, заснован врз карактеристиките на народниот мелос и врз неговата синтеза со музичко-техничките дострели на музиката во XX век. Добитник е на повеќе меѓународни награди и признанија.
 
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА
составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска
Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

makedonski_kirilMakedonski, Kiril (1925-1984), his real surname Vangleov, Macedonian composer, one of the most remarkable representatives of the second generation of Macedonian composers.

Persuaded by his father and as a result of his musical talent, he started to study a violin at the age of 11.After finishing his elementary and secondary education in 1947, he enrolled at the Music Academy in Zagreb in the class of Krsto Odak, then in Sarajevo in the class of Ivo Brankovik. He defended his master thesis on the field of the composition in Ljubljana at the composer Lucijan Skerjani. He was six months resident in Warsaw in 1970, as a scholarship student of the Polish government and in 1974 he completed the International course for contemoporary music in Darmstat. Parallel with his composing, he was involved in the pedagogical activity and in the last years of his life, special accent was put upon the research in the field of the music psychology, more concrete - music therapy. Large part of his knowledge is presented in types of essays, in front of the foreign public, for which he received international recognitions. He is author of the first Macedonian opera Goce"( in four acts, 1954) with large historical importance for the Macedonian music and which represents a huge step ahead in conquering over the biggest music forms by our authors. Not taking into consideration the other things, it springs from our exist-ence, our folk music, reviving part of our historical past on the scene. K.Makedonski is author of two other music works: "Czar Samuil" (1968), where he reached his creative tops and with its first performance caused positive reactions; and "Ilinden" (1973) by which he rounded up his opera opus and his permanent interest for topics from Macedonian national history. He is one the first Macedonian composers of symphonies - symphonic poem "Dancer" (1951). Later there are five more symphonies (1956/78) and opus of other compositions that belong to different types: chamber (more than ten), choir (twenty), children songs, film music( for ten short-length and three long-length films) music for (ten) plays. He was preoccupied with the idea to create Macedonian national style, based on the characteristics of the folk music and on its synthesis with the music - technical achievements of music in XX century. He is winner of many international awards and recognitions.

DISTINGUISHED PEOPLE FOR BITOLA
authors: Lence Andonovska, Naume Gorgievski, Blagoj Nikolov, Trajko Ognenovski, Gordana Pesevska, Aneta Stefanovska, Svetlana Taleska ; translation in english Vesna Milevska.
NIUL "St. Clement Ohridski": Municipality of Bitola

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en