Фестивал на музика од светот

muzika-na-svetot

Раби Абу Калил на Фестивалот на музика од светот

Центарот за култура ја продолжува традицијата организирајќи го петтиот по ред „Фестивал на музика на светот“ што на 9 ноември со почеток во 20 часот ќе се одржи во Големата сала на Центарот за култура во Битола.
На фестивалот ќе настапат македонските и странски музичари Пенелопе ЕКС, Никола Коџабашија, Бранислав Николов, Гоце Јованоски, Пеце Трајковски, Гоце Стефковски и Џијан Емин како и едно од најголемите имиња во светот на џез музиката – Раби Абу Калил со неговиот квинтет “ Медитеран “
Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура а со поддршка на Француската Алијанса од Битола и Францускиот Институт од Скопје. Главен организатор веќе петти пат е Центарот за култура од Битола на чело со првиот човек Борче Димитровски. Селектор на фестивалот е Оливер Јосифовски од познатата група Љубојна.
Овој фестивал е еден од оние кои предизвикуваат најголем интерес кај битолчани што поради секогаш одличната организација, што поради атрактивните музички гости.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en