Раби Абу Калил ги воодушеви битолчани

rabi-abu-kalil
Светски познатиот музичар од Либан Раби Абу Калил се претстави викендов пред битолчани, по повод петтата годишнина од „Фестивал на музика од светот“.Калил настапи во придружба на квинтетот „Медитеран“.

Големата сала на Центарот за култура беше полна со битолчани и гости од страна кои со громогласни аплаузи го поздравуваа виртуозот и го вратија на бис. Сите заедно уживаа во џез музика зачинета со традиционална арапска музика. Калил, со секое движење покажуваше љубов и страст кон она што го работи но и спонтаност, отвореност, духовитост, интелигенција и шарм поради што не остави никого рамнодушен.
Публиката  во Битола, во рамките на „Фестивал на музика од светот“го проследи и македонскиот музички проект „Пенелопе Х“, производ на композиторот Никола Коџабашија и дел од членовите на групата „Фолтин“ односно кантавторот Бранислав Николов, басистот Гоце Јовановски и авант-хармоникашот Пеце Трајковски, заедно со Гоце Стефковски и Џијан Емин.
 Фестивалот на музика од светот  како организатор го потпишува Центарот за култура, а годинава тој се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на Француската алијанса од Битола и Францускиот институт од Скопје.

rabi-abu-kalil-02

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en