Куќарката на Дедо Мраз во Битола

dedo-mraz-bitola-02

Во срцето на Битола, спроти Градската Саат Кула, вчера и официјално беше отворена куќиката на Дедо Мраз.

Имено, ова е првиот дом на Дедо Мраз во земјава. Во домот на најсаканиот старец на сите времиња најмладите ќе имаат можност во топол и празничен амбиент најмладите ќе имаат можност одблизу да го запознаат нивниот омилен лик за овој период од годината. Во внатрешноста на куќичката, децата ќе имаат можност да учествуваат на креативни работилници на кои ќе изработуваат новогодишни честитки и цртежи, ќе ги слушнат најубавите новогодишни приказни и ќе танцуваат на најслушаните божиќни песни. Нивните родители, баби и дедовци и сите оние повозрасни со секоја купена фотографија или честитка или со донирање на играчки, облека и нерасиплива храна директно се вклучуваат во хуманитарна акција наменета за социјално ранливи семејства од градот и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ – Битола. Куќичката ќе биде отворена секој ден се до 31ви декемри, во периодот од 11.00 до 20.00 часот. Дозволете да ве понесе магијата на празниците, ајде сите масовно да веруваме во моќта на насмевката, да ги направиме оние кои имаат малку да се почувствуваат среќно, да предизвикаме насмевки, да споделуваме прегратки, среде зима да се затоплиме со она најчовченото во нас!

dedo-mraz-bitola-02

dedo-mraz-bitola-03

dedo-mraz-bitola-04

dedo-mraz-bitola-05

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en