ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ

zaedno-za-zivotnite
Соопштение од здружението ,,Мали Херои” од Битола во соработка со за здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди” од Скопје,  „Анималиа“ од Охрид, „Гласот за Животните“ од Велес, и „Animal World“ од Струга

Бројот на бездомни животни постојано расте, а она што загрижува е фактот што нема надлежна служба која ќе спроведува контрола на бројката и хумана политика, за на соодветен начин, без нанесување непотребна болка на бездомните животни да се реши овој проблем, од кого се засегнати најмногу животните, но не се изоставени и граѓаните.


Граѓаните се засегнати на тој начин што се изложени на ризик кој опфаќа: пренесување болести на луѓето и другите животни, повреди и заплашување на луѓето поради евентуално агресивно однесување на кучињата и слично. Светската здравствена организација, Светската организација за здравје на животнит е, Советот на Европа, но и сите светски и европски  здруженија за заштита на животни нагласуваат на потребата  за намалување на бројноста  на бездомните кучиња во населена средина.


За трајно решавање на проблемот со бездомните животни потребно е да се изменат постоечките прописи  со кои се решава овој проблем бидејќи се несоодветни и не се доволни, а обидите за контрола на популацијата често ја загрозуваат благосостојбата на животните преку тенденцијата за нивно масовно усмртување, или користење нехумани методи на убивање (труења, застрелувања, струјни удари или давење), сурови методи на заловување и несоодветни објекти за згрижување и нивно менаџирање, што е спротивно со законот за заштита и благосостојба на животните донесен на 20.09.2007.


За  таа цел здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди” од Скопје во партнерство со  ,,Мали Херои” од Битола ,  „Анималиа“ од Охрид, „Гласот за Животните“ од Велес, и „Animal World“ од Струга, почнуваат со работа на проектот „ЗАЕДНО ЗА ЖИВОТНИТЕ, ЗАЕДНО ЗА ГРАЃАНИТЕ“кој е поддржанод УСАИД и ФондацијаОтвореноопштество – Македонија.


Проектот има за цел здруженијата за заштита на животните, да им помогнат на општините во Македонија при изготвување на Програми со што на соодветен начин  (и за животните и за граѓаните) ќе се реши проблемот со бездомните животни, а со тоа и ќе се дефинира и Одлука за павата и обврските на сопствениците на животни.

 

 

 

 

 

 

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en