ВТОРНИК 1 ЈУЛИ НА БИТ ФЕСТ

bitfest-01-juli

ВТОРНИК НА БИТ ФЕСТ
11:00 ч. Вила Дајмонд, Мултимедијална колонија, Македонија презент – Скопје

Мултимедијалната колонија “Битола 2014“ е традиционална манифестација која е единствена од овој вид во Република Македонија, па и пошироко и опфаќа повеќе уметнички сфери и тоа: книжевност, ликовна уметност, театар, музика, филм...Колонијата првпат и мошне успешно се одржа минатата година во Вила „Дајмонд“. Голема ликовна изложба на денот на затворањето на колонијата, повеќе камерни изложби, трибини и дебати, промоции на книги, книжевни настапи, средби со автори, одбележување на јубилеи, сликање на отворено во општината и слично. Годинава, покрај писателите и ликовните творци, ќе бидат вклучени и музичар, актер и филмски снимател.

 

19:00 ч. Магаза Избор на етнолошки документарни филмови„Визуелна антропологија“
Амер го доби својот пиштол, 58 мин. Израел. 2012, Режија Наоми Левари, Сар Јогев
Амер Абу Риа само што не стапил во војска. Спротивно на повеќето 19- годишници во Израел за кои служењето во војска е задолжително, Амер е изземен од служењето војска под претпоставка дека неговото служење во војска може да го загрози израелското општество.
Проектот е подготвен од Н.У. Завод  и музеј Битола, Музеј на Македонија, Дебатно кино Контра кадар и Бит Фест, а организатор е: Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос-советник во Н.У. Завод и музеј Битола.

 

20:00 ч. Плоштад Магнолија„Bitola fashion night“

 

20:30 ч. ЗМГ Концертна сала, Концерт на пијано - Томе Костовски
Томе Костовски е роден на 30.12.1997год.во Битола. Од својата 7ма година тој се запишува во основното музичко училиште во Битола каде го започнува своето дружење со пијаното во класата на професор мр.Марија Шамоска-Буџаковски во чија што класа го продолжува и средното образование.
По само 1 година од своето образование, поради големата музикалност која ја поседува и одличната интелектуална способност,тој зема учество на многу концерти и натпревари во државата а и надвор од неа меѓу кои ќе ги спомнеме: Меѓународен натпревар Даворин Јенко,Белград,Србија,2010-II награда, Државен натпревар на млади музичари,Скопје,2010--I награда, VI Меѓународен натпревар за пијанисти,Интерфест,Битола,2010--I награда, 49 државен натпревар,клавирско трио,Скопје 2011--Специјална награда 100 поени, 13 меѓународен натпревар,Еутерпе,Корато,Италија,2011--I награда, Меѓународен натпревар,Џоја Дел Коле,Италија,2011-III награда, Меѓународен натпревар Езерски бисери,Струга,2011-лауреат I степен, Втор меѓународен натпревар за камерна музика,Кавадарци,2011--I награда, Трет државен натпревар на млади музичари,2012-Специјална награда 100 поени, Втор меѓународен натпревар,Гевгелија, 2012-I награда, Меѓународен натпревар АрсКосова,Приштина,2012-Специјална награда 100 поени, VII Меѓународен натпревар за пијанисти,Интерфест,Битола,2012--I награда, 51 Државен натпревар,солфеж,2013-Специјална награда 100 поени   
 Томе Костовски има одржано солистички концерти,во 2011 и 2012 година во Битола. 2013та година, настапи како солист со Македонската филхармонија.Истата година ја заокружи со солистички концерт на фестивалот за класична музика “Интерфест”-Битола.
 Оваа,2014 година се натпреваруваше на натпревар организиран од ЕПТА(европска асоцијација на музички педагози) на кој од 64 натпреварувачи од сите земји во светот,Томе го освои 4тото место во неговата категорија.
На својот концерт на БИТ ФЕСТ, Томе Костовски ќе ја понуди следната програма: L.V.Beethoven :  соната  оп.31 бр.2   “The Tempest”  I. Largo - Allegro II. Adagio III. Allegretto, R.Schumann:“Аbegg”  -  варијации оп.1, S.Rachmaninoff  :  етида оп.33 бр.5, В.Николовски :  Токата, F. Liszt :  Унгарска рапсодија бр.2.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en