ПОНЕДЕЛНИК 07.07.2014 НА БИТ ФЕСТ

 igrame-peeme

10.00 -13.00 ЗООЛОШКА ГРАДИНА

„ЧИТАМЕ, ПЕЕМЕ,ДРУГАРУВАМЕ, СЕ СМЕЕМЕ“

ЗГ БИОСФЕРА

Настанот претставува интерактивно дружење на децата и посетителите преку читање на басни, пеење песнички за животните и природата, танцување и играње игри.

 

12.00 НУУБ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СО ПРОШТЕНИЕ“ ОД ДОБРЕ ТОДОРОВСКИ

Рецензија

Расказите се тематски сврзани за нашето поднебје, со неизбежен опис, на битисувањето на човекот во еден ист простор.Но, тука се и оние непредвидливи моменти кога ,,појакиот” ќе посегне по честа на другиот. Забележлива е една посебност која авторот го одвојува од останатите, по неговиот народен израз, кој во секој од расказите внесува душа, оживува. Ваквиот пристап во творештвото во македонската литература, го направиле мал број автори кои се значително забележени и котираат во самиот врв  на македонската литература.

            Привлечноста во раскажувачкото можеби најуверливо го прикажува постапното прикажување на ликовите, вклучувајќи го нивниот физички и психички изглед, како и настаните кои се опсервација на писателот…

            Расказите ,,Со проштение” се жива приказна, приказна што се доживува, извира и истекува од македонската напатена душа низ расточените животни патишта на луѓето од мојот род. Прикази за пролеаната солза и крв во жарот и желбата да се биде свој на своето. Се оживува минатото како опомена за сегашноста во овој алчен свет наспроти кроткиот живот на нашите мудри претци. Опис на настани, досетки, мудрувања, случувања но и судири со суровите настани кои овде како бури минувале и заминувале…

            ,,Со проштение” е збирка на духовни возбуди и доживеани настани, на досетки и мудрости, на оттргнати од заборав јунаци, кои, како народни мудреци минувале низ нашите предели. Нивните животни патешествија се обликувани со колоритен и лесно приемчив јазик на широк круг на читатели...РАДЕ СИЛЈАН

 

18.30 ЗАВОД И МУЗЕЈ

ИЗЛОЖБА:ОМЕР КАЛЕШИ

Калеши е автор со меѓународно реноме, кој зад себе има голем број самостојни и групни презентирања низ целиот свет. Неговото потекло е од нашата Македонија, роден е во кичевското село Србица, 1932 година, а дипломирал на ликовната академија во Истанбул, Турција. Од Турција животниот пат го одвел во Франција, каде што и ден- денес живее и твори.

Калеши иако повеќе од половина век живее во срцето на Европа, во Меката на уметноста, Париз, никогаш не ги заборавил своето потекло и своите корени црпејќи ја

инспирацијата за своите дела токму од овие краишта, од Балканот, од својот народ. Во

неговите дела провејува постојано балканската драма, а негов модел е самиот негов живот. Животната филозофија на Калеши ги надминува границите на сите религии што ги разединуваат луѓето, тоа е филозофијата што доминира во неговите слики. Таа редица од „глави“, насликани со бојата на крвта, се сликани од еден живот, тоа е бескрајна приказна за историјата на балканските радости и страдања. Во неговите слики се мешаат сликарството и татковината, потсвеста и реалноста, но најмногу од се доминира космополитизмот како симбол на неговиот дух. (Халиде Палоши, директор Националната галерија на Македонија)

„За сликарството на Омер Калеши, според неговото автобиографско признание, тоа е настанот од неговото детство кога од една скривница, за време на Втората светска војна, ѕиркајќи со детското око на љубопитноста и стравот, здогледал многу човечки глави, кои исто така ѕиркале подавајќи се од своите скривалишта во отворениот простор на пеколот и незивесноста што ги нудела војната. Оттогаш во неговата свест се отпечатила сликата на човечката глава како архетип со митски знак што ги содржи сите важни аспекти на постоењето. Подоцна, кога ќе стане сликар за целиот свој живот, тој важен (пра)настан за него ќе му го подари, до апсолутно, и основниот мотив на неговата уметност: главата, човечките глави што ја раскажуваат пред нас и на оваа изложба Омеровата сликарска приказна за човекот и постоењето. Благо шифрирана, таа приказна е есенцијална, каков што е и нејзиниот основен симбол.

Она што посебно го ценеше кај творците и Пол Валери, на пример. Главите на сликите на Омер Калеши ту се поставени на некои оптегнати јажиња како метафизички акробати на постоењето, ту се на некоја цврста подлога пред нас, ту се, интимизирани, во некои кошници, како некој вид антропоморфен натур-морт, ту се закотвени во центарот на безвремената белина на платното, ту, бестежински, лебдат во некоја глува космичка празнина, ту ... Така, од платно до платно тие како да се целосно потопени во

некој онирички флуид губејќи секаква трага на каков било вид на морбидна алузија на смртта, за што говори, пишувајќи за ова сликарство, францускиот писател Жил Жуанар. Тие како да сонуваат заедно со нивниот сликар“. (Ефтим Клетников)

 

20.00 ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА

КОНЦЕРТ НА „НЕВРОКОПСКИ АНСАМБЛ“ РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

Основан во 1946 година, Ансамблот за народни песни и ора е прв од ваков вид во Бугарија. Исто така, ансамблот е познат и под името „Јане Сандански“ кое гордо го носи повеќе години. Исто така, познат е и како ансамбл на Неврокопскиот регион, според старото име на градот Гоце Делчев – Неврокоп. Ансамблот бележи половина век творештво, во кое врши откривање, зачувување и репродукција на народните танци и традиции, фолклорот и етнографското богатство на Бугарија. Ансамблот има одржано над 4000 концерти пред повеќе од 3,6 милиони гледачи ширум светот.

 

20.30 НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ

КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО „ГОРЈАНА СТОЈАНОВСКА“

Gorjana Stojanovska plakat

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en