СРЕДА 09.07.2014 НА БИТ ФЕСТ

teatarot-vo-makedonija

10.00 ЗООЛОШКА ГРАДИНА

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ

„ВОЛОНТЕРИ ВО ЗОО ГРАДИНА“

Низ фотографии ќе биде претставена работата на волонтерите, а ќе биде промовиран и прирачникот за волонтерска работа во ЗОО Битола.

12.00 МАЛА САЛА, ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА

ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА „ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА“ ОД РИСТО СТЕФАНОВСКИ

Рецензија

И СВЕДОШТВО И ИСТОРИЈА И ЖИВО СЕЌАВАЊЕ

(За најновата книга (најновиот том) на Ристо Стефановски од обемната театарска хроника “Театарот во Македонија“ (1976-80)

Ристо Стефановски, најактивниот и животворен театралог, про­дол­­жу­ва со „полна пареа“, страсно, со целосна креативна предаденост и пос­ве­теност, да ја пишува единствената и најобемната театарска хроника наре­ку­вај­ќи ја едноставно „Театарот во Македонија“. Сега ни нуди нов том. Нова обем­на книга. Таа е дел од големиот театарски летопис. Во неа доѓаат оние години и оние театарски настани што ги одбележуваат македонските театарски годините од 1976 до 1980 година. Зошто велам дека оваа книга, овој најнов том, е само дел од летописот? Така го велам оти целиот проект, целата серија книги и томови е така замислена. Како река, како хроника, како летопис и колку го бележи, го осмислува и му дава нов живот на минатото, толку мемориски ја збогатува сегашноста и ја предизвикува и ја обврзува ид­ни­на­та.

Ристо Стефановски е човек од посебен ков. Единствен и необичен профил. Кога се споменува неговото име веднаш, миговно и без никаква премисла, се мисли на театарот. Тој е симбол, синоним за нашиот театар, за развојот и афирмацијата на македонската театарска дејност. Тој е живата меморија, подвижната енциклопедија, тој е беспрекорната плодородна театролошка институција; Тој е човекот што уште пред шест де­цении занесно, донкихотски, сизифовски почна да го создава маке­дон­ск­иот театар и многу развојни процеси, воздигнувања, проблесоци и ус­пе­си и триумфи се директно плод и резултат на неговата индивидуална чо­веч­ка издржливост, упорност и енергична заложба. Тој е втемелувачот на Драмскиот театар низ сите негови фази на создавање, растење, раз­ви­ва­ње и оформување. Со неговата личност се поврзани сите врвни кад­ров­ски екипирања на македонското глумиште, естетските и идеолошките пре­вирања и вриежи на планот на отворањето на македонската дра­ма­тур­гија и на македонскиот театар кон современите драмски и театарски про­цеси во пошироките југословенски и европски простори. Се уште не­го­виот афирмативен капитал постигнат со недобројни награди, приз­на­ни­ја и пофалби за врвни, антологиски театарски остварувања служат ка­ко „алиби“ на сегашната испостена театарска понуда.

По пензионирањето, еве околу дваесеттина години, Стефановски не се повлече во „мирен живот“ нарцисоидно насладувајќи се во „слат­ки­те сеќавања“, туку се впушти во еден нов предизвик. Почна да ги пи­шу­ва хрониката и летописот на македонскиот театар од првите поче­тоци, па наваму, наваму се до денес, до каде што ќе стигне според гос­по­до­вата волја. Тој најнапред прорашкари по најдлабоките историски сло­еви во почвата на Македонија. Допре до најдлабоките корени, до биб­лис­ките слоеви, до митските простори. Па, откога се знае за театарот, от­ко­га е ставен првиот камен во отвореното гледалиште под ѕвезденото небо и од кога е запеана првата песна и одиграно првото оро, оттогаш Сте­фа­нов­ски и ја започна неговата театарска хроника. И се виде, ништо не би­ло случајно. Македонија била земја на чудесни пагански игри, на ритуали, на магии, на волшепства, на дарбаллии свирачи и пејачи, на митски пре­да­нија, на легенди, на приказни, на необични и оригинални знакови кои ја оформувале етногенетичната слика на самостојноста и своевидноста на ду­хот на овој народ. Ристо Стефановски ни откри, ни презентира и ни ос­мис­ли целосна слика за времето на тие фантастични никулци и не увери де­ка без корени нема стебло и дека без темели куќа не се гради.

Оттаму тече неговата хроника. И еве досега ни направи седум то­мо­ви, обемни, дебели, со густ слог, со недобројни настани, личности, ими­ња и презимиња, едно драгоцено, благородно и единствено сведоштво за тво­речкиот дух на македонскиот народ кој имал потреба, знаел и умеел да ги искажува пулсирањата на своите времиња и метаморфозите на сво­ите патувања низ животните врвици со формите на таетарскиот и сцен­ски­от израз. Живи луѓе, жива уметност. Го правеле тоа што можеле. Го изведувале тоа што имале потреба да го изведат. Да се видат и во ог­ле­далото на театарот. Не се плашеле од својата слика. Кога ги листате то­мовите на Ристо Стефановски ќе видите дека таму се насобрани сите ма­кедонски векови. И низ сите тие македонски векови тече приказната за македонскиот народ кому историјата очигледно не му била наклонета. Пат­увал овој народ низ судбинските премрежиња и гордо и достоин­стве­но си ја поднесувал судбината. Бил напаѓан, негиран, одродуван, делен и рас­парчуван, толчен и мелен, поробуван и силум замолкнуван, ама ни­ко­гаш не престанал да го негува својот творечки и слободарски дух. Се­ко­гаш го чувал својот израз преку игра, песна, сценска изведба, преку танц, оро, ритуал, обичаи, зашто никоја освојувачка сила не можела да му ја одземе душата, да му го откорни срцето и да го забрани животот. Додека ќе има здив во македонскиот човек, дотогаш ќе има и жив дух. Дотогаш ќе има и творештво.

„Театарот во Македонија“ е големо сведоштво за македонскиот народ. Тоа е историја. Во неа се присутни луѓето што ја создавале таа историја. Тоа е веќе освоениот, прифатен и потврден концепт на овој проект. По тој ред е работен и овој најнов том што ги опфаќа нај­воз­буд­ли­вите години на македонскиот театар. Една нова, образована, силно кре­ативна творечка генерација во тие години (1975-80) го воздигна ма­ке­дон­скиот театар до триумф, до таква блескава афирмација на широките европски простори што се зборуваше за „некакво чудо“, за нешто свежо, дотогаш невидено, оригинално, автентично, со свој белег, нешто што бе­ше како вистинско уметничко и театарско откритие. Сјаен период. Блес­кав. Неповторлив. Тој период ги достигна уметничките височини кои уш­те светкаат, блештукаат во убавите сеќавања. Во книгата се набележани сите тогашни претстави, луѓето што ги создавале, опишана е атмос­фе­ра­та на нивната приемчивост, одгласите на гледачите и на театарската кри­ти­ка, општествениот амбиент во кој се создавани, една комплетна слика за времето што ни е историја, што ни е сведоштво за тоа кои сме биле, што сме оставиле зад нас. Внимателно изработена книга. Како и сите прет­ходни. Во неа се опфатени сите театри во Македонија, Операта и Ба­ле­тот, театарските фестивали, наградите и признанијата што се доде­лу­ва­ат на заслужните протагонисти на настаните и с¢ она што ја заок­ру­жу­ва и ја доловува целосната слика на уметничкото и на театарското жи­ве­ење во Република Македонија, се вели во рецензијата на                                                                                   Петре БАКЕВСКИ          

19:00 ч. МАГАЗА

„САЕМ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ“

„ИНТЕРКУЛТУРНА ВЕЧЕР“ (ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КУЛТУРИ)

„КАЛЕИДОСКОП“ (ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ)

На09Јули во рамките на програмата на Битфест 2014TogetherMacedoniaќе учествува со настан „Презентација на култури“.На настанот е предвидено да учествуваат следните земји: Унгарија, Италија, Македонија, Русија, Словенија, Соединети Американски Држави, Турција, Франција, Шпанија.

21:00 ч. МАГАЗА

ПРОМОЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

„ПРИКАЗНИТЕ ОД ШИРОК СОКАК“

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en