ВИКЕНДОТ 12, 13 ЈУЛИ НА БИТФЕСТ

bitfest-2014-baner
САБОТА НА БИТ ФЕСТ

08:00-22:00 ч. Плоштад Магнолија
Мини саем на книгата

 

 

18:00 ч. Магаза
Изложба и едукативни активности
„III заедно“- Мали херои
• Изложување на една добра слика за домашните миленици преку забава на уметничка слика.
• Препораки, укажување на најдобри практики за одгледување на домашни миленици:
• Едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата
• Претставување на македонска кујна, воедно следење на светските трендови за здрава исхрана ослободена од месо и хуман однос кон животните
• Промоција на Р. Македонија преку македонски специјалитети без месо и застапување на правата на животните.
Активности:
•Проекција на документарен филм
•Изложба на уметнички слики
•Штанд со флаери, пријатн музика
• Подготовки на македонски оброци без месо, дегустација од посетителите

 

21:00 ч. Магаза
Филмски фестивал „See a Paris“
"Вегетаријанец канибал", (Хрватска), реж. Бранко Шмит, 85 мин.
Данко Бабиќ е гинеколог во водечката хрватска клиника за гинекологија и стерилитет. Бескрупулозно амбициозен, корумпиран и неморален, тој е поврзан со загребскиот организиран криминал од најдолен вид и е подготвен да направи се за да се здобие со пари и моќ. Површен во својата работа, тој прави серија на фатални грешки кои што резултира со смрт на бремена пациентка, вадење на здрави органи, итн. Тој е заштитен од срам и казна од страна на корумпираните патолози и неговиот пријател, полицаец по име Илија, кој е дилер на дрога. При постојаното балансирање на работ на затворска казна, Бабиќ се оддава на дрогата и алкохолот,. Со лаги и фалсификувани резултатите, Бабиќ успева да дискредитира своите колеги и станува шеф на клиниката. И кога д-р Бабиќ навидум успева да ги исполни сите своите цели, од него се бара да изврши абортус на жена, која е бремена во седми месец и носи дете на Министерот за транспорт.

 

НЕДЕЛА НА БИТ ФЕСТ
08:00-22:00 ч.  Плоштад Магнолија
Мини саем на книгата

 

12:00 ч. Мала сала, Центар за култура
„70 години од работата на ОЖ“
ЗА ПОСТОЕЊЕТО И РАБОТАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ НА ОПШТИНА БИТОЛА-БИТОЛА

    Организацијата на жени на општина Битола-Битола е основана на 17.10.1944 година од страна на тогашни активистки во Антифашистичкиот фронт на жените, во Ротинската планина, во време кога окупаторот сеуште ја немал напуштено територијата со која војувал полни четири години. Целокупната држава била во основање, а со неа заедно и женскиот отпор кој уште тогаш почнал да се основа.  До 1991 година, Организацијата работи во склоп на тогашниот Социјалистички сојуз на работниот народ.
    Денешната Отганизација на жени на Општина Битола-Битола е директен потомок на АФЖ, но во сите овие години на постоење трансформирана во склад со општеството во кое дејствувала и во склад со законските регулативи. Го менувала името, но не и целта. И понатаму, како и во своите почетоци, Организацијата на жени во своите први членови на Статутот ја поставува жената на централно место, како столб на семејството, третирајќи ги сите нејзини проблеми во домот , на работното место и надвор од тоа.
    Од 1991 година, Организацијата на жени дејствува самостојно, како невладина, непартиска, непрофитна организација, а со најновите закоски регулативи од 2011 година таа е Здружение на граѓани, кое се грижи за местото и улогата на жената во општеството, влез на жената во политиката, децата и нивните проблеми, семејството како клетка на општеството, невработеноста кајжената и ред проблеми кои се поврзани на директен или индиректен начин со жената.
Денес, организацијата на жени има активности од се поголем обем:
-Во 1995 година поделени се 25 тони хуманитарна помош на 600 социјално загрозени семејства во Битола од страна на хуманитарните организации  KRIK I EQUILIBRE   од Италија
-Во напливот на плурализмот во нашата држава, веднаш после нејзиното осамостојување, Организацијата на жени беше дел од Македонското женско лоби, преку кое се поттикнуваше жената за поголем влез во политиката. Во тој склоп, наша членка беше дел од Меѓународната конференција на жени во Берлин, во 2003 година.
-Во 2004 и 2005 година беше спроведен проектот „Батали дрога-гледај живот“ во сите основни и средни училишта во нашиот град. Беа собрани податоци од околу 600 ученици за нивната запознаеност со дрогата.
-Во 1999 година Организацијата на жени ја востанови ревијалната изложба на торти „Битолски слатки филиграни“, која традиционално се одржува секоја година на христијанскиот празник Благовестие
-Во 2011 година беше спроведен проектот „(Не)Здравата исхрана кај училишните деца и поврзаноста со шеќерната болест“. Се добија податоци од анкета на 350 ученици за навиките во исхраната.
-Веќе четири години,се спроведува проектот „Помош на стари лица во домашни услови“
-Помош при оснивање на Организации на жени во Општина Могила и Општина Новаци
-Секоја година по два пати, традиционално се одржува продажба на слатко-солени производи, направени од страна на членките на Организацијата. Средствата се наменуваат за семејства каде е неопходна помош.
-Веќе три пати со ред, Организацијата прави собирни акции на алишта за новороденчиња и истите ги донира во неонатолошкото одделение во Болницата во Битола.
-Активна соработка со сите градинки, Основни училишта, Средни училишта, старски домови, Домот за деца без родителска грижа, Центарот за социјални грижи.
-Учествуваме на семинари, обуки и активности кои ги спроведуваат надворешни и домашни асоцијации.
-Активен член сме на основачката група на ЛАГ-от за Битола, Демир Хисар, Могила и Новаци.
-Активна соработка со комисиите, Советот и Градоначалникот на Општина Битола.
Накратко, организацијата на жени е застапена секогаш и секаде.

 

20:00 ч. Магаза
Изложба:„Скалила кон бесконечноста“
Славица Михаилова
СЛАВИЦА МИХАИЛОВА  e родена на 21.04.1977, Битола Р.Македонија
Дипломирала на НационалнатаЛиковнаАкадемија во Софија,Р.Бугарија 2001година
„Идејата дека средновековното стилско решение претставува најубедлив ликовен израз на духовноста на православната црква ниту денес никој нема да се обиде да ја оспори- згора на сето тоа нововизантиските икони се почесто почнуваме да ги наоѓаме и во храмовите на останатите христијански деноминации.
Меѓутоа оваа тема, оживувањето на ваквиот стил во црковното сликарство, континуирано провоцира група на деликатни прашања: како и на која историска координата, во ризницата на средновековното наследство, треба да се започне? Кое сликарско изразување на оптимален  начин може да го воведе тоа непроценливо богатство од оваа ризницата во црковниот живот? И покрај актуелната хиперпродукција на икони- или поточно токму заради неа- изгледа дека современите иконописци упорно се обидуваат да го одбегнат поставувањето на ваквите прашања, а уште поупорно одбегнуваат да преземат одговорност која го повлекува обидот истите прашања да се одговорат.
Но Славица Михаилова припаѓа токму на оној мал број на уметници кои не се плашат од таа одговорност. Стилот на палеолошката уметност во делата на оваа сликарка не е преземен со некритично копирање на средновековните  примери или пак со копирање на нечија некритична копија на истите. Последната од големите византиски систематизации,  во ова деликатно сликарство,  не е сфатена како шаблон кој со својот историски авторитет по автоматизам го ослободува сликарот од секаков личен креативен ангажман. Едноставно оваа уметница добро знае дека соголениот историски материјал не е доволен да се создаде црковна уметност која ќе претставува автентичен израз на литургискиот живот, исто како што  и со познавањето на речникот и граматиката на некој јазик не е доволно да се напише акатист, на пример.
Славица Михаилова ни покажува дека таа не сака да биде индолентен „препишувач” којшто се сокрива зад историските авторитети, туку поетеса што ја оживува историјата на еден потполно автентичен начин. Нејзините икони се сликарски проживеани и токму затоа ликовите на светителите кои се претставени на оваа изложба се живи и присутни. Заради тоа тие нè гледаат толку смело и непоколебливо, како што нè гледаат светите монаси во некоја од средновековните цркви. Дури и тогаш кога избегнува да се служи со неповторливата техничка виртуозност на палеолошките сликари, Славица Михаилова е неспоредливо поубедлива од кој било современ подражавач.
Нејзините творби, иконите, да нè потсетуваат дека затскривањето зад туѓиот виртуозитет е тажен и неодоговорен сликарски став во кој најмалку страдаат авторите а најмногу страдаат иконите.
Токму со вака сфатениот концепт на сликарска одговорност, кој подразбира изразување  на својот сликарски став, донесување на сопствени авторски решенија, како и внесување на ликовни елементи од современото естетко опкружување, оваа образована сликарка станува вистински  наследник на средновековните византиски мајстори, продолжувајќи го она што тие еднаш го започнале. Како некој искусен химнограф, Михаилова ни ја открива мудроста на древната црковна уметност на јазик кој истовремено  е  и автентичен  и препознатлив на нејзините современици.
Сталоженоста, смелоста и смирението со кои авторката пристапила кон решавањето на овие базични естетско-богословски проблеми како спонтано да го одредиле и иконографскиот оквир на поставката пред посматрачот. Без многу помпи и приказни, без злато и ефектни  наративни композиции, авторката прибегнува кон портретот во целата негова сознајна соголеност и поедноставеност.
Токму на фонот на ваквиот иконографски минимализам  ликовните инвенции што ги донесува оваа уметност добиваат посебно значење правејќи ни ги преподобните монаси поблиски и попрепознатливи - да ни се обратат. Духовната лествица по која смирено се вознесувале овој пат ни станува појасна, не само затоа што многу сме научиле и запамтиле за нивните подвизи, туку затоа што вака ни е овозможена средба со нивните ликови кои говорат многу повеќе отколку што која било мемориска единица, во нас и надвор од нас, може да понесе. Најпосле, нели е тоа најтешката задача што богословието во бои може да си ја постави?“ велиПроф.д-р Тодор Митровиќ, од Ликовна академија за уметност и конзервација на СПЦ-Белград,Р.Србија

 

21:00 ч. Магаза
Филмски фестивал „See a Paris“
"Одумирање", (Србија), реж. Милош Пушиќ, 109 мин.
Јанко доаѓа дома во своето заборавено село по неколку години на живеење во Белград, каде што работел напорно за малку пари. Неговото планинско село станало речиси пусто и намера на Јанко е да ја продаде својата земја и да оди на работа во Швајцарија, верувајќи дека конечно ќе излезе од финансиските проблеми и ќе го најде своето место под сонцето.
Неговата осамена мајка Милица (50) се надева дека Јанко ќе се врати да живее во селото и таму ќе основа семејство. Таа ќе стори сé за да го натера да се премисли.
Страхиња, осамен жител на напуштеното село е идеалист и човек полн со сила и волја кој и помага во животот на Милица. По трагичната смрт на неговиот син, тој ја затворил таверната, неговата ќерка станала алкохоличар, а неговата сопруга престанала да зборува како еден вид себеказнување.
Иако Милица ќе направи се да го убеди Јанко да остане и да се обидат да живеат на и од својата земја, иако Страхиња ќе му понуди партнерски да ја отворат таверната, Јанко нема да се откаже од замисленото. Тој е подготвен да направи се за да се оствари неговиот план, па дури и да го продаде гробот на сопствениот татко.

 

21:00 ч. Плато - стара касарна - полигон
Ретро - авто кино „Американски графити“
Во рамките на ретро авто киното, ќе се емитува филмот „Американски графити“, снимен во 1973 година, во кој многу добро е опишан начинот на живот на младите во Америка од тоа време. Ова е еден од првите филмови, снимен во 1973 година, во кој на многу добар начин е опишан начинот на живот на младите во Америка од тоа време, еден од првите филмови на Георге Лукас, филм во кој преовладуваат сите елементи на новонастанатата поп култура од тоа време. Интересот за овој настан е подеднакво голем како и интересот за изложбата на олдтајмери.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en