ВИКЕНД 19,20 ЈУЛИ НА БИТФЕСТ

02-slow-food

САБОТА НА БИТ ФЕСТ

17.00 Плоштад Магнолија
Арт-перформанс„Светот низ разгледници“ – Мартина Павловска

 

Кога не можам да одам низ целиот свет, тогаш целиот свет ќе го донесам кај мене.
Сите сме среќни кога добиваме подароци, иако тоа не се случува често. Но, разгледниците ми го овозможуваат тоа. Секој ден е посебен, секој ден ново изненадување ме чека во поштенското сандаче и сеуште со нетрпение ги очекувам новите...од кого ќе бидат, какви ќе бидат. Секокојдневно сум побогата, не само со бројот на разгледниците, туку и со поздравите на различните јазици, новите пријатели, старите познаници кои неуморно ме поздравуваат каде и да одат...со моментите споделени од нивното секојдневие......со детали од споменици и архитектури за кои никогаш не сум слушнала, но и прекрасни места, кои никогаш не сум знаела дека постојат...Да, секојдневно учам од нови луѓе, од стари пријатели,за нови места, за стари градови, чудни обичаи, несекојдневни случувања....и секако, никогаш исти, никогаш досадни.

Поздрав

Мартина

Павловска   

                                                                                                 

19.00 ЗМГ Концертна сала
Промоција на стихозбирката „Страсти“

Светлана Папачек е родена во Скопје 1973год.Уште од основно училиште почнува да пишува за училишниот весник, за приредби, за конкурси...Членува во литературни секции и добитничка е на многу пофалници и награди за литература.
Љубовта ја донесе во Битола во 1995год.Со доаѓањето не престанува желбата и поривот за пишаниот збор.Напротив.Зрееше таа а заедно со неа зрееше и нејзината поезија.
Стихозбирката „Страсти” е нејзиното првенче – едно од многуте што следат.Во неа стиховите се напишани за љубовта, страдањето, солзите...Силни и длабоки чувства пренесени на лист хартија.Инспирација – нејзината љубов и страст, но и други љубовни стории кои допреа до неа.Измешани чувства преточени во емоции.

 

Шекспир Фестивал
19.30 Горно Фоаје НТБ

01-Urbani-mitovi-i-legendi-flaer-back
Арт инсталација „Митови и легенди“-Студио Микс

Урбаните митови и легенди на Битола
Арт-перформанс
Потребата од уметничка демистификација на митовите за градот Битола, произлегува од народната митологија но и од кулоарските разговори. Поставуваќи го прашањето за одредени теми кои се поврзани со градот сегогаш се поставувало прашањето дали е тоа вистина, мит или легенда. Проектот  пред себе нема за цел да го запази автентичното, народно верување кај нашиот народ, туку, напротив да  испровоцира еден специфичен приод на толкува¬ње и рационализирање на фактите кои се на дофат во архивите.
Овој перформанс-инсталација е замислен како едно патување низ просторни кабини-сцени каде секоја поединечно претставува една приказна (толкување).

Кабините се поврзани една до друга, со цел да се презентира протокот на време но и да се добие чувство на патувањето низ просторот- митските кабини.
Во една таква структура се обработуваат следните теми:
1.      Митовите за постанокот на врвот Пелистер
2.      Митот за градењето на Саат- кулата
3.      Митските елементи во Љубовната приказна за Мустафа Ќемал Ататурк
4.      Доаѓањето на Рихард Вагнер во Битола
5.       Доаѓањето на славната актерка Сара Бернар
6.      Битола - Град на клавирите
 
кои и покрај тоа што просторно се назависни ќе бидет споени со универзална музичка  илустрација на тема Битола.

 

20.30 НТБ
Театарска претстава „Хенри IV“- Мексико
Свечено отворање на Шекспир фестивалот

03-Harundo

21.00 Магаза
Концерт на амбиентална музика Harundo – world music Италија

 

НЕДЕЛА НА БИТ ФЕСТ

12.00 Фоаје, Центар за култура
Изложба „Фотопортрети“ Наум Карабатак

04-bitfest

НАУМ – Животниот пат на Уни ќе биде сосема поразличен од оној на неговите браќа. Фотографскиот занает ќе го усоврши живеејќи и работејќи во Белгија и С.Америка. Во Битола се враќа како изграден и искусен фотограф и за кратко време ќе стане реномиран и доста баран од битолчани, посебно изработувајќи таблоа за средните училишта.

Роден е на 09.06.1929 година во с.Маловишта. Во раната младост почнал да го изучува занаетот од неговите браќа, кои длабоко биле навлезени во истиот. Почетоците ги прави во фотографското ателје на Трифун ФОТО ТЕХНИКА и ателјето на ФОТО ФИЛИП на ул.„Никола Тесла“.
Од 1956 година илегално ја напушта Битола, преку југословенско-грчката граница и извесно време ќе помине во логорот Лаврион, каде минимално заработувал од фотографирање. Во 1957 година му се отвора можност за емигрирање во Белгија. Таму исто така започнал да заработува од фотографирање и работел како портретист за сопственици на фотографски фирми.
Во 1961 година емигрира во С.Америка. Во почетокот се до наоѓањето на работа, бил прифатен и издржуван од една протестантска црква. Условите за живот ќе го натераат сам да се снаоѓа и да заработува за живот, во државата Охајо. Во почетокот работел на одредено време , а потоа во една лабораторија на фотографи аматери по 3-4 часа дневно. Постојано бил во потрага по подобра егзистенција, па постојано се префрлал од град во град. Работел на она што го знаел најдобро – фотографскиот занает и бидејќи сакал да се докаже во работата, се случило истата да ја изгуби, како што бил случајот со сопственикот на студиото, по потекло Евреин, кој сакал да работи повеќе саати за истата плата. Комуникативноста, што е карактеристика за семејството Карабатак, ќе му помогне да се запознае со еден Евреин кој му помогнал со тоа што му направил реклама за еден неделник, дека Европјанин од Југославија, со 30 годишно искуство е најдобар ретушер, по што добил работа и практично неможел да престане, бидејќи добивал работа од цела Америка. Работел исклучиво на ретуширање, добивал негативи ги ретуширал а потоа ги враќал.
Заради едноличноста во работата, се вработува во друго големо студио каде ги применувал сите техники до финалниот производ – сликање, ретуширање, копирање. Се префрлува во Синсинати – Охајо, каде наоѓа работа за поголема заработувачка и тука ќе остане 18 години. Сопственикот на студиото, задоволен од неговата работа му препуштал сам да слика, по што му организирал изложба во Коломбос – Охајо. За оваа изложба бил прогласен за фотограф на годината и награден во Охајо.
Наум Карабатак Уни
Оскар за фотографија 1966

Во Битола се враќа во 1980 година, а во 1982 година отвора студио по име ФОТО УНИ  на локација каде претходно било студиото на неговиот брат Филип. На оваа локација ќе се задрши до 1987 година, кога студиото го префрла во сопствената куќа на ул.„Бранислав Нушиќ“ бр.10, Работи се до пензионирањето во 1991 година.


19.00 Магаза
Едукативна работилница „Наш ден“ – Аманет

02-slow-food

20.00 Пацио
„Трпеза филмски фестивал“ Слоу фуд

Во Битола, во рамките на Бит Фест 2014, за првпат на 20 и 21 јули ќе се одржи првиот ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ во Завод и Музеј и кафе бар Јагода во организација на Slow Food Млади Македонија заедно со Slow Food Битола.
Речиси да нема филм во кој храната  не се појавува во кадар, но ретки се филмовите во кои храната ја игра главната улога или недоволно ја познаваме филмската уметност...
Има безброј приказни кои преку филм раскажуваат за храната, а таа, пак раскажува за нас и нашето општество. Храната е култура, храната е идентитет.
Симболиката на трпезата, каде се собираме е културен настан и прилика за размена на идеи и ставови. Затоа и на ова прво издание на ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ на дебатите, форумите и работилниците кои се предвидени во програмата ќе дебатираме за уништувањето на биодиверзитетот и животната средина, здравствените проблеми на консументите, злоупотреба на животните и нерамноправен пристап на глобалниот пазар. Постојниот систем на храна има сериозно негативно влијание врз општеството и животната средина, како и на локалната гастрономска култура како заедничко наследство кое треба да се зачува.
Целта на Трпеза Филм Фестивал (ТФФ) е едноставна:  со едукација на луѓето преку филмот за храна,  да почнат да размислуваат многу посуштински за храната и изборите кои секојдневно ги прават за себе, но и за планетата.
Покрај прокециите на филмовите кои во кадар ја ставаат храната и нејзината моќ да ги промени нашите перцепции, дебатите и форумите ќе понудиме и одлично афтер филм парти. Во недела, готвиме заедно со ДЈ Соња Исмаил, а во понеделник ќе ја консумираме музиката на група Гром кои ќе одржат свој концерт во Јагода.
Бидејќи силно веруваме дека помагањето не прави подобри, пред кафе бар Јагода од сабота па сѐ понеделник ќе бидат отворени штандови на кои сите заинтересирани ќе може да донираат нерасиплива храна која директно ќе се донира во Народната кујна во Битола.
Во двата фестивалски дена, ќе се случи и готвачкото шоу каде парови ќе готват заедно и ќе ја пренесат пораката дека љубовта доаѓа преку желудникот и токму затоа треба да бидеме многу внимателно со што се храниме како и акцијата за селекција и рециклирање на отпад од амбалажи заедно со ПАКОМАК.
Ве очекуваме на првото издание на ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ, 20 и 21 јули, Завод и Музеј Битола и кафе – бар Јагода
https://www.facebook.com/events/1504449656457264/?fref=ts
https://www.facebook.com/www.slowfood.mk?fref=ts


19.00 НТБ (Шекспир фестивал)
Театарска претстава „Шекспир“, Холандија

 

20.30 НТБ
Театарска претстава „Многу врева за ништо“
Театар комедија – Скопје

 

22.00 Магаза
Блуз концерт Sakis Dovolis Trio&Arian
Sakis Dolovis Trio е новиот соло проект на Сакис Доволис, кој е еден од најдобрите грчки Blues гитаристи. Во програмата на Sakis Dovolis Trio најчесто се изведуваат авторски песни но секако и изведба на најпознатите Blues хитови.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en