ВТОРНИК 22.07 НА БИТ ФЕСТ

mesriha-sukri
18.00 НУУБ Свети Климент Охридски
Поетска вечер со Олга Наумовска

 

20.30 НТБ (Битола Шекспир фестивал)
Национален театар-Тирана,Албанија
СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ
Режија Џон Блондел

 

20.30 ЗМГ Концертна сала
Концерт „Звуците на харфата“Мерсиха Шукри


Мерсиха Шукри е родена во Скопје. Своето музичко образование го започнува изучувајќи пијано, а го продолжува во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“на отсекот харфа. Дипломира на ФМУ во Скопје во класата на професор Лејла Урманова – Русија како прв дипломиран харфист во Македонија. За време на студиите соработува со Македонската опера и балет и со Македонската филхармонија.
Магистерски студии завршува во Белград во класите на проф.Милица Бариќ и проф. Љиљана Несторовска. Таа е единствениот магистер по харфа во Македонија.
Добитник е на повеќе републички и меѓнародни награди како солист и како камерен музичар.
Редовен учесник е на интернационалниот фестивал за харфа во Белград.
Се усовршувала на мајсторските курсеви кај интернационални солисти и професори по харфа, меѓу кои: Кетрин Мишел (Франција), Елизабет Бинош (Франција), Јана Боскова (Чешка), Ана Левина (Русија), Иван Ронце (Романија), Моника Стадлер (Австрија), Сузан Милдониан (Белгија), Патриција Тасини (Италија), Кетрин Финцх (Англија), Сирин Панџаролу (Турција), Фабрис Пјер (Франција), Наталија Схамеева (Русија), Мариел Нордман (Франција) и Изабел Морети (Франција).
Како харфист има остварено бројни концерти на Скопско лето, Хераклејски вечери, Денови на франкофонија, Есенски музички свечености. Настапувала како солист со Мандолинскиот оркестар “Скопје” и гудачкиот камерен ансамбл “Арко”.
Концертирала и надвор од нашата држава, во Србија, Словенија, Косово, Франција, Унгарија, Холандија, Израел.
Во 2008 година, за првпат ја претстави Македонија, со учество на 10-от јубилеен светски конгрес за харфа во Амстердам како дел од најголемиот и најдолг оркестар од харфи и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Како почесен гостин, во 2009-та година учествуваше во Израел на најголемиот и најзначаен натпревар за харфа.
Со свој целовечерен концерт, како прв музички настан во куќата на Мајка Тереза, настапи по повод 100 години од нејзиното раѓање.
Има остварено аудио и видео снимки за МРТВ.
Иницијатор и член е на интернационалното трио “РАСМЕР”-харфа, флејта, виола. (Македонија, Србија, Норвешка). Член е во Л’арт а парт оркестарот за филмска музика.
Член е на светската асоцијација на харфисти и коресподент за Македонија.
Од 2011 работи во Македонската филхармонија.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en