Илинденски денови Фестивал со најдолга традиција во Битола

00-ilindenski-denovi
Од 29 јули до 1 август, во Битола ќе се одржи 44-от Фестивал на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура – Битола.

Свеченото отворање, на кое присутните ќе може да уживаат во традиционална музика и игра традиционално, ќе се одржи на Ракометното игралиште в понеделник, 29 јули, со почеток во 20:00 часот.
„Илинденски денови“ е еден од најстарите фестивали во државата. Манифестација која од година во година се повеќе расте во квалитет и квантитет. Во четирите фестивалски вечери ќе го имаме најдоброто од македонскиот фолклор, староградската традиција од нашата држава и силни интернационални групи кои доаѓаат од Холандија, Унгарија, Хрватска, Грузија, Словенија, а еден ексклузивитет одбезбедивме со поддршка на општина Битола, односно гостување на фолклорниот ансамбл „Кумагаја“ од Јапонија, истакна директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски.

02-ilindenski-denovi
На свеченото отворање му претходи традиционалното дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ кое ќе започне од Саат Кулата во Битола во 18:00 часот. Најмногу интерес предизвикува Интернационалната вечер, на која ќе настапат ансамбли од Холандија, Кипар, Грузија и Јапонија. Таа ќе се одржи на античкиот локалитет Хераклеа, на 1 август со почеток во 20  часот.
Во рамките на фестивалот во Битола ќе бидат одржани и манифестациите „Ехо од дамарите“, „На пладне во чаршија“, „Оро на Широк Сокак“, семинар за традиционална музика и игра и промоција на книгата „Македонските празници и обичаи“ од авторот Марко Китевски.
Фестивалот ќе биде затворен со концерт на Драган Даутовски.

01-ilindenski-denovi

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en