Најстариот фестивал во Битола во полн сјај

ilindenski-denovi-2014-00
Со традиционалното дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“  вчера во Битола започна фестивалот „Илинденски Денови“. Широк сокак беше претесен да ги прими сите оние кои сакаа да бидат дел од ова случување, а ги имаше многу, и тоа од сите страни на светот.

ilindenski-denovi-2014-01

 Свеченото отворање се одржа на ракометното игралиште а присутните уживаа во првата фестивалска вечер посветена на традиционалната музика и игра. Фестивалот како и секоја година започна. со одигрувањето на традиционалното оро "Комитското" во изведба  на КУД Илинден од Битола.
Фестивалот, кој се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија, за отворен го прогласи Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието.
„Претставува чест да поддржиме фестивал со една ваква традиција, кој годинава има посебен квалитет и шарм. За нас најголемо богатство е што успеваме во Битола како град што привлекува, вечерва да привлечеме наши пријатели од  Јапонија, од Австралија, Србија, Словенија, Грузија, Северен Кипар, Унгарија, Норвешка, Бугарија и други држави. И, да се потсетиме на една изрека која што е позната на овие простори, а таа е дека ако одите во Босна немојте  да пеете затоа што ќе ве натпеат, ако одите во Србија немојте да играте затоа што ќе ве надиграат, но ако одите во Македонија немој да се правите дека знаете да пеете и играте, затоа што ќе ве натпеат и ќе ве надиграат“ рече Милошоски.
Годинава, на четирите фестивалски вечери покрај бројните културни уметнички друштва од Република Македонија, ќе настапат и интернационални групи од Холандија, Унгарија, Кипар, Хрватска, Грузија, Словенија, фолклорниот ансамбл „Кумагаја" од Јапонија.

ilindenski-denovi-2014-02

ilindenski-denovi-2014-03

ilindenski-denovi-2014-04

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en