ВТОРНИК 05 АВГУСТ НА БИТ ФЕСТ

01--Leopold-Forstner

5 август (вторник)
08:00-22:00 Плоштад Магнолија
Мини саем на книгата

 

 

20:00 Голема сцена, Центар за култура
Четврти ИДТФ „Битолино“
„Алиса во земјата на чудата“, Детски културен центар Белград, Р.Србија
Првата претстава на 4-то издание на ИДТФ Битолино.... Детски културен центар Белград, Србија, одлична претстава, вистинско освежување и многу забава за најмладите....
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ,

05.08.2014 со почеток во 20:00 часот Н.У. Центар за култура (голема сцена)
https://www.youtube.com/watch?v=ni7Jjind0aQ&feature=share


20:00 ЗМГ Изложбен салон
Изложба на Леополд Фостнер
Офицерот Форстнер – еден уметник на Биенскиот Југендстил на Балканот. За време на Првата светска војна, горно – австрискиот југенстил – уметник Леополд Форстнер (1876-1836) на коњ, пешки или со брод, скоро две години престојувал на Западен Балкан. Како офицер на К.И.К армијата на австро – унгарската монархија, тој ја пропатувал територијата на денешна Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Неговата задача била да се направи документација за културата на споменатите окупирани области од Австриско – унгарската армија.
Форстнер важи за еден од најпознатите претставници на младата генерација на Виенскиот Југендстил. Тој работел како графичар, дизајнер и сликар. Посебно и единствено место имал како уметник со стакло и како уметник – мозаичар, со што се јавува како партнер на големите уметници Густав Климт, Коло Мозер и Јозеф Хофман. Во светски рамки најпознатите дела, воедно, референци на Југендстилот, каде што како изведувач, во значајна мерка се јавува Форстнер, се ѕидните мозаици во палатата „Штоклет“, во Брисел (Климт и Форстнер), витражите во црквата Штајнхоф во Виена или мозаиците во бањата „Дијана“. Сепак, неговата интернационална кариера, во нејзините зачетоци, беше спречена со започнувањето на Првата светска војна. Од неговата авантура на Балканот, тој изработил и оставил повеќе од 100 цртежи со молив во голем формат, дел од нив колорирани и околу 50 фотографии.


20:30 ЗМГ Концертна сала
Концерт на класична музика и оперски арии
Билјана Трајковска – сопран
Билјана Димовска – пијано

02-jazz

21.00 Магаза
Концерт „Џез сценарио“
Битолскиот состав „Џез сценарио“ на 5 август со почеток од 21 часот ќе одржи концерт во Магаза. Вклучувајќи ги веќе познатите преработки на џез хитот „Lullaby of Birdland“ и „Samba do Avião“, концертот ќе се состои од 10 композиции кои се преработки и аранжмани на основачот и уметнички раководител на бендот, Вангел Мажевски.
Покрај Мажевски, кој свири на пијано, за прекрасната музика на „Џез сценарио“ ќе се погрижат и вокалот на Денис Алитовски, басот на Дарко Бошков, тапаните на Методија Мешковски, гитарата на Методија Здравевски, трубата на Диме Цветковски, алт саксофонот на Марјан Будиноски, тенор и алт саксофонот на Мирко Митровски и тромбонот на Гоце Костурски.


21.00 Камарите
Ноќ со металманија – проекција на документарен филм

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en