БИТФЕСТ - 6 август (среда)

05 08 2014 tandarika
08:00-22:00 Плоштад Магнолија
Мини саем на книгата

 

13:00 и 18:30 Мала сала, Центар за култура
Четврти ИДТФ „Битолино“
„Кога се беше зелено“
Театар „Клуч“ Тел Авив, Израел

05 08 2014 bitolino
Втората претстава на 4-то издание на ИДТФ Битолино.... Театар Клуч, Тел Авив, Израел, добитник на наградата за најдобар мјузикл за 2014 година....две изведби....
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ, 06.08.2014 со почеток во 13:00 и 18:30 часот Н.У. Центар за култура (мала сцена)
https://www.youtube.com/watch?v=zPBjO8eAWBk&feature=share


20.00 Нова сцена Центар за култура - Битолино
„Падобранци“
Тандарика театар, Букурешт, Романија
Третата претстава на 4-то издание на ИДТФ Битолино.... Тандарика театар Букурешт, Романија, претстава поставена на три континенти, прекрасна приказна раскажана со јазикот на телото и многу забава за најмладите....

 

20.00 Фоаје, Центар за култура
„Ревија на стари филмски плакати“
ЗГ Фото кино клуб Битола

05 08 2014 filmski posteri
Единствена и неповторлива можност да проследите ретроспективна изложба на Фото Кино Клуб Битола во соработка со Државен Архив на Република Македонија - Одделение Битола, на стручно пресликани оригинални и ретки стари филмски плакати од популарни филмови, кои во периодот од 1950 до 1970 година биле прикажувани во некогашните три битолки кина, во голем оригинален формат. Изложбата е во склоп на фестивалот Битфест 2014.

 

20:30 ЗМГ Концертна сала
Солистички концерт на Марија Наумовска
Марија Наумовска (сопран) е родена 1986 година во Битола. Со музика започнува да се занимава на свои 8 години. Завршува нижо музичко училиште во Битола отсек-пијано во класата на Проф. Људмила Божиновска, а потоа го продолжува средното музичко образование отсек-соло пеење во класата на Проф. Пеце Митревски и Проф. Магдалена Наумоска каде достигнува голем успех во многубројните организирани концерти. Успехот го продолжува на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, во класата на Проф. М-р. Славица Галиќ-Петровска со уште позасилено работно темпо за постигнување на што подобар успех на тоа поле. Дипломира на Ф.М.У во Скопје со фантастичен дипломски испит отценет со (Cum Laude). Своите магистерски студии ги заврши во 2012 година на Ф.М.У во класата на истата професорка.  Како солист има настапувано со хоровите при: “Драган Шуплевски“, “Св. Климент Охридски“, “М.К.Ц“ и оркестарот “Арко“. Од фестивалите се: Бит-Фест, Езерски бисери – Струга, Скопско лето, Охридско лето, Штипско лето, Прилепско лето, Радовишко лето и други.  Има освоено повеќе први државни награди.  Посетувала повеќе семинари по соло пеење во државите: Босна и Херцеговина, Германија и Франција. Во Македонската Опера и Балет има настапено со улогите: Прва дама – “Волшебната флејта“ – В.А.Моцарт и Серпина – “Слугинка господарка“ – Џ.Б.Перголези. Во нејзиното работно искуство се вбројува и професорската дејност како професор по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола. Моментално е вработена во Македонската Опера и Балет – Скопје.

 

21.00 Стара чаршија
Концерт „Паркети“


21.00 Дом на АРМ
Балканска колонија на ракотворби „Астерион галери“


20.00ч – Прва самостојна изложба Пеце Талески


21.00 – ПАТУВАЊЕ - БИТОЛА ГО ПРЕСРЕТНУВА БЕРЛИН  – свечено отворање
БИТОЛА ЕДНО ВРЕМЕ ....  АФ „Плетенка“ и „Сирма Војвода“
ЛЕБРАНД КОЛЕКЦИЈА – Лили Кандинска – моден дизајн
MAKETRA MEETS LILU
Марија Трајкоска Мујомбано – моден креатор, Јелена Станаревиќ – моден креатор, Сашка Митевска – фотографија, Милан Андов – сликар,  Соња Исмаил- музика, Иван Коцка Јанчев – арт дизајн, Ксенија Вангеловска – визажист, Елена Ивановска – козметика, Гордана Кузевска-стилист
22.00ч – Изложба на ракотворби

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en