БИТФЕСТ - 8 август (петок)

2014 08 08 gopes
08:00 - 22:00 ч. Плоштад Магнолија
Мини - саем на книгата

 

12:00 ч. Магаза
Изложба на фотографии, проекција на документарен филм,
„Традиционална трпеза- Гопеш наше село“

Во рамките на овој настан предвидена е „Изложба на фотографии“, Презентација на документарен филм, дегустација на национални влашки јадења.

20:00 ч.  Мала сала на Центар за култура (Поради неповолните временски услови концертот наместо во Пацио како што беше најавено во печатената програма ќе се одржи во Малата сала на Центар за култура)


Концерт „Хармониките“, организатор Савевски продукција, уметнички раководител Професор Кирил Стојчевски

20:30 ч. Дом на АРМ

2014 08 08 harmonikite
Лука Тошев-гитара, Димитар Михајловски-виолина, Пијано придружба м-р Мери Кавкалевска Стоилкова
Програма : Бах,Хендел,Мерц,Моцарт,Бетовен, и Паганини.
Лука Тошев е роден на 31.03.1996г во Битола. Своето музичко образование го започнува во нижо музичко училиште на отсек виолина.Во 2009г. се запишува во Државно Музичко Училиште-Битола на отсек гитара кај м-р Сашо Поповски. Учествува на повеќе фестивали и натпревари во државата. Посетува мастеркласи кај професорите: Стела Митева Динкова (Бугарија), Тања Јанкова (Македонија), Зоран Анич (Србија), Педро Родригез (Португалија/Хрватска). Посетува часови кај проф. Дарко Багески каде и ќе го продолжи своето образование на Факултетот за музички уметности- Скопје. Оваа година го одржа својот прв солистички концерт и освои прва награда на државниот натпревар во Скопје.
Димитар Михајловски е роден во Битола каде го завршува своето нижо и средно образование отсек виолина во класата на проф.Ванчо Стоилков.Во своето 14 годишно искуство Димитар учествува на повеќе натпревари во Македонија и странство каде забележува доста успеси.Во 2009 год.зедно со проф.М-р Мери Кавкалевска Стоилкова освојуваат две GRAND PRIX награди на државниот натпревар за сите инструменти во Скопје,и меѓународниот натпревар "Ars Kosova" во Приштина ,Косово.Истата година Димитар го одржува својот прв рецитал на Фестивалот за класична музика "Интерфест"во Битола,а со својот матурски концерт 2010 год. го завршува средното образование во Битола.Изминатите години завзема учество на позначајните културни музички фестивали кај нас(Охридско лето ,Бит фест,Скопско лето,ДММ,ЕМС).
Покрај настапите во средно образование оваа година Димитар настапува како солист со Македонската филхармонија ,а моментално е апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје,во класа на проф.м-р Љубиша Кировски.

2014 08 08 koncert

Дом на АРМ
Балканска колонија на ракотворби „Астерион Галери“

 

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en