БИТ ФЕСТ 16 - 18 АВГУСТ

2014 08 16 gitara
САБОТА 16 АВГУСТ НА БИТ ФЕСТ
20.00 Центар за култура
Гала концерт на 15 Интернационален Детски музички фестивал
„ТРА ЛА ЛА“

2014 08 16 tra-la-la
Битола од 13 до 16 август е домаќин на 15-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” на кој учестуваат 40 млади музички таленти од 16 држави во светот. Покрај учесниците од  Македонија, на фестивалот настапуваат деца  солисти и делегации од Португалија, Русија, Малта, Ерменија, Украина, Словенија,Романија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.  
“Секоја година на фестивалот учествуваат солисти од голем број држави во светот презентирајќи ја својата култура, разменувајќи искуства и ширејќи го духот на културната соработка, со што фестивалот прераснува во една од најголемите манифестации од овој тип во Европа. Детскиот музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” е единствена манифестација во Република Македонија, каде солистите ги изведуваат своите композиции во живо, врз база на музичка подлога односно матрица.”-истакна на вчерашната прес конференција во Битола раководителот на фестивалот Тони Алексовски, кој е член во жири комисијата на десетина фестивали ширум светот и кандидат за почесен член и амбасадор на детскиот мир од Светската асоцијација на фестивали и уметности WAFA.
Претставник на Македонија во жирито е македонската пејачка Маргарита Христова која истакна дека Битола е расадник на музички таленти. “Младите музички таленти кои настапуваат на фестивалот се носители на голем број меѓународни музички награди, а Битола преку фестивалот ,,Тра ла ла“ има можност да ги слушне најдобрите детски гласови од цел свет.”-рече Христова.

 

21.00 Амфитеатар Хераклеа
Концерт на Влатко Стефановски
Влатко Стефанoвски, еден од најголемите македонски музичари на сите времиња во рамките на прославата на 40 години на сцена, ќе одржи концерт во амфитеатарот Хераклеа. Концертот е во рамките на БИТ ФЕСТ 2014.

 

НЕДЕЛА 17 АВГУСТ НА БИТ ФЕСТ
21.30 Пацио
Промоција на книга поезија
„Полноќна прошетка“ – Силвана Петрова Насух
Промоцијата на книгата - Полноќна прошетка - на авторката Силвана Петорва Насух ќе се одржи во недела 17 август 2014 во Пациото на Завод и Музеј Битола во 20.30 часот. Тоа е книга која содржи стихови посветени на најголемата инспирација на авторката Петрова Насух -  градот Битола, тема на која работела долго време чија историја ја истражувала од свој аспект со голема љубов кон градот. Стиховите треба да не потсетат на многу локации во градот кои веќе не се во функција, на многу заборавени обичаи, на настани од минатото кои останале длабоко врежани во колективната меморија на Битола, всушност треба да не потсетат и да ни ја насликаат таа вечер како што авторката милува да каже .....Битола од нашите срца и нашите воздишки. Гости на манифестацијата ќе бидат  - Женскиот хор на Стив Наумов водени од Љубо Трифуновски, и Женската играорна група од КУД Илинден.

2014 08 16 silvi
20.00 Градски парк
Рок банда „Среќни луѓе“

 

ПОНЕДЕЛНИК 18 АВГУСТ НА БИТ ФЕСТ
12.00 Мала сала, Центар за култура
Проекција на документарен филм
„Битолски весник 50 години сведок и хроничар“

 

20.30 ЗМГ Концертна сала
Концерт со оперски дуети „Љубовни приказни“

2014 08 16 koncert

21.00 Дом на АРМ
Џез концерт Тони Китановски Биг Бенд
DJ Dimitri, Кирил Кузманов - алто саксофон, Дејв Вилсон - баритон саксофон, Денис Емин – хорна, Александар Ниниќ – туба, Кирил Туфекчиевски – бас, Виктор Филиповски – тапани, Тони Китановски – гитара.

2014 08 16 gitara

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en