ВТОРНИК 19 АВГУСТ НА БИТ ФЕСТ

2014 08 18 Pelister

17.00 Летна сцена Тумбе кафе
Работилница „Битола – сиже и фабула“


19.00 „Стихови за Битола“

 

19.00 Мала сала, Центар за култура
Мултимедијален проект
„Нашето чудо на природата(Пелистер)“

Утре (19 август) во рамките на Битфест во малата сала на Центарот за култура во Битола со почеток  во 19 часот  ќе биде промовиран документарен филм  за Пелистер “НАШЕТО ЧУДО НА ПРИРОДАТА – ПЕЛИСТЕР”, по сценарио на Каролина Николоска, а во режија на Анета Шијакова. Филмот се фокусира на природните убавини на Пелистер, но и на неговата авантуристичка страна, претставувавјќи го Пелистер како предизвик за секој човек да ги измери своите сопствени капацитети освојувајќи ја планинатата и црпејќи енергија од неа. Филмот ги нагласува одличните капацитети за планинарење, алпинизам и спортување. Публиката ќе има можност да се запознае со најубавите места на Пелистер кои беа и дел од конкуренцијата за нови светски чуда, места кои се силна испирација за планинари и туристи од цел свет. Токму на Пелистер алпинистите се подготвуваат за освојување на највисоките врвови на светот, а преку филмот гледачот ќе има можност да се запознае со тоа дека Баба Планина има вистински алпски карактер, поедеднакво атрактивен како швајцарските алпи.
Филмот нуди една авантуристичка прошетка по падините на Пелистер се до врвот на 2601 метар надморска височина. Дел од филмот е посветен на двете глечерски езера, наречени пелистерски или горски очи. Доказ дека убавината на овие две езера не е само бајка зборува и податокот што заедно со пештерата Врело и Охридското Езеро беа ставени на листата за седумте чуда на природата.
Филмот ја пренесува и приказната за Моликата односно Август Гризебах, пр¬виот ботаничар кој ја посетил оваа планина (во 1839 година) и при тоа открил и опишал неколку нови, дотогаш непо¬знати видови за науката. Всушност, најзаслужен за добивањето на статусот Национален Парк е токму петтоигличниот бор молика од кој тука има стебла постари и од 230 години.
Покрај документарниот филм во рамките на истиот проект за промоција на Пелистер, снимени се и фотографии од атрактивни предели на планината.  Од нив се продуцирани електронски разгледници за Пелистер со кои на промоцијата ќе биде организирана изложба, а истите ќе бидат поставени на интернет за слободно користење што ќе биде во функција на промоција на Пелистер низ светот.


20.00 Центар за култура
„Незаборав“-посветено на Добри Ставревски

2014 08 18 DobriStavrevski nezaborav
„Незаборав“ е манифестација во рамките на Битфест која ќе се одржи по петти пат, а годинава е посветена на бардот на македонската народна музика, Добри Ставревски.

По повод овој настан, денес 18.8.2014 (понеделник) во Малата сала при Центарот за култура со почеток во 11 часот ќе се одржи прес-конференција..

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en