ПЕТОК 22 АВГУСТ НА БИТ ФЕСТ

2014 08 21 Kristina Arnaudova

21.00 Магаза
Изложба „Жените во општеството“

Гостување на Регионалниот историски музеј Русе, Р. Бугарија
Автори на изложбата – Доц. Др. Николај Ненов
Десислава Тихолова  
Кустос во одделот  етнографија
Организација : НУ  Завод и музеј Битола,
Координатор: Наде Геневска Брачиќ, етнолог – кустос советник

Изложбата “ Жените во општеството“  на Регионалниот историски музеј од Русе, Р. Бугарија, претставува осврт  кон улогата  и местото на жената во општеството и ја разработува темата за жената која покренува прашања во повеќето светски култури, но и обидите на жените да ги надминат  границите на јавното мислење што ги врзува со домот  и семејството.
Во оваа изложба се прави пресек низ различни периоди  и сегменти да се проследи местото и улогата  на жените во општеството и тоа: во преродбата, во модерноста, модата – новата мода “Шантеклер“, бугарски модерн, победата на “социјализмот “, кино и пол, постмодерност, на границите на вековите и жените и рекламата.
Сегментот за модата претставен е на кукли во костими во периодот од деветнаесетиот век до современоста во модели сошиени според експонати од колекцијата на музејот во Русе.

2014 08 21 zenata vo opsestvoto

22.00 Широк Сокак
Промоција на новиот албум на Кристина Арнаудова
Гости EYE CUE

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en