ПОСЛЕДЕН ВИКЕНД НА БИТ ФЕСТ

2014 08 22 sluginki

Најдолгото и најбогато со содржини културно лето БИТ ФЕСТ влегува во својата завршница.

Остануваат уште седум дена до крајот на деветтото издание на културното лето во Битола кое се реализира повеќе од два месеци. Свеченото затворање на БИТ ФЕСТ 2014 ќе биде во петок 29.08.2014 со Концерт на Владо Јаневски во античкиот локалитет Хераклеа. Пред нас е последниот викенд на БИТ ФЕСТ во кој публиката ќе може да ужива со:


23 август САБОТА
20.00 Магаза
Изложба на илустрации „Фантазија, митови и легенди“
ЗГ ИМКА

 

21.00 Магаза
„Збор во зборот“, Дениција-УКЛО

2014 08 22 flyerDenicija


На 23.08.2014во 21 ч. во Магазата ќе се одржи поетско-музичка вечер со наслов Збор во зборот во организација на Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ УКЛО. На настанот ќе учествуваат поети од редовите на студентите и професорите на Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола, но и реномирани поети од Битолскиот книжевен круг и пошироко. Музичкиот дел ќе биде во реализација на проф. м-р Мери Кафкалеска Стоилкова, пијано и Димитар Михајловски, виолина. Исто така ќе се доделува прва, втора и трета награда од стручно жири во состав од реномирани универзитетски професори, а ќе има и награда од публика.

 

24 август НЕДЕЛА
21.00 Пацио
Оперета „Слугинка Господарка“
Авторска екипа:
Режисер- Трајко Јордановски
Диригент- Иван Еминовиќ
Костимограф- Златко Јовановски
Сценограф- Елена Алчева
Графички дизајнер- Марина Трајковска

Солисти:
Серпина-Марија Наумовска (сопран)
Уберто-Невен Силјановски (баритон)
Веспоне-Борко Биџовски (нем лик)
Слугинка-Симона Чакарјанева

Сценско-техничка екипа:
Асистент режисер/инспициент-Игор Пармаковски
Асистент сценограф-Игор Спировски
Светло дизајнер-Васко Лисичов
Изработка на костими-Наталија Јордановска
Техничка поддршка-Драги Кметовиќ, Љубиша Ивановски-Лепи, Владимир Павлов

Кратка содржина (синопсис):

ПРВ ДЕЛ
Уберто е постар дипломат кој е лут и нетрпелив кон неговата слугинка Серпина која ги запоставува нејзините должности и се однесува арогантно кон него. Уберто се нервира бидејќи таа секогаш му се противставува и ѝ кажува дека решил да се ожени, а во истиот тој момент таа самата му се нуди. Тој не сака ни да чуе и дава наредба Веспоне да му најде жена.

 

Интермецо

ВТОР ДЕЛ
Серпина смислува итрина како да стане жена на Уберто и на помош го повикува Веспоне кој ќе треба да се преправа дека е нејзин свршеник, а за таа услуга му ветува дека тој ќе стане втор газда на куќата. Уберто се обидува самиот на себе да си ги открие вистинските чувства кон Серпина. На радоста и нема крај бидејќи секој на свој начин е задоволен од крајниот исход, а најмногу Серпина, која конечно од слугинка станува господарка. Како и во вистинскиот живот, така и во нејзиниот судбината ќе направи неочекуван пресврт на работите од кои посебно Серпина нема да биде воодушевена...

 

21.00 Градски парк
Младински Арт Хепенинг

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en