Битола возбудено го чека ГАЛИЈАНО

richard-galliano
Ричард Галијано, францускиот виртуоз на хармоника ќе го отвори шестиот по ред „Фестивал на музика од светот“ кој од 6-ти до 8-ми ноември ќе се одржи во Битола. Галијано ќе настапи заедно со светски познатиот “Тангарија Квартет“ од Франција. Нивната музика е комбинација на Ј.С. Бах, тангото, валцерот,  самбата и салсата.


„Почестени сме што на фестивалот ќе го имаме најголемиот хармоникаш на светот, добитник на наградата за најдобар композитор на класична музика и неговиот магичен „Тангарија Квартет“. Неколку денови пред почетокот на фестивалот чувствуваме голема возбуда- рече Борче Димитровски, директор на Центарот за култура, на денешната средба со новинарите.
Втората фестивалска вечер е резервирана за групата „Фолтин“ и за истанбулскиот диџеј со македонски корени Али Дојран, кој пред присутните ќе се претстави во битолското кафуле „Хаус Бар“ на Широк Сокак.
„Многу сме среќни и задоволни што сме дел од фестивалот, ќе се претставиме со нашата класична програма, но ќе има и мало изненадување. Сакам да го кажам и ова...Како адолесцент, го обожував Ричард Галијано и затоа неговото доаѓање е голем настан за мене. Секоја чест за организаторите што го донесоа ова големо име“- рече Бранислав Николов од „Фолтин“ на денешната средба со новинарите.
Последната вечер од фестивалот во култното место за битолчани „Порта Џез“ свој настап ќе има Јасмина Беличанска квартет.
„Посебно ме радува тоа што успеавме да донесеме музички артист од светска важност и што ја ставивме Битола на мапата на големите концертни случувања“- рече селекторот Оливер Јосифовски.
Фестивалот е во организација на Центарот за култура од Битола а под покровителство на Министерството за култура.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en