Фестивал на монодрама Битола - 24 до 28 април, 2015

festival na monodrama 3

Од 24 до 28 април, ќе се одржи 17-тиот по ред интернационален Фестивал на монодрама, во организација на Центарот за култура од Битола.

На фестивалот, учество ќе земат 13 претстави, од кои 10 во официјална конкуренција и 3 вон конкуренција. Претставите доаѓаат од 7 држави меѓу кои Романиа, Израел, Русија, Србија, Хрватска, Бугарија, Украина. На фестивалот учество ќе земат и три македонски претстави од кои една фестивалска премиера. Станува збор за претставата „Делириум Тременс“на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп во изведба на Игор Трпчески.
„Ова е единствениот фестивал во нашата држава кој ја промовира монодрамата како форма и еден од најстарите на Балканот. Досега на фестивалот се претставиле над 50 држави од целиот свет со навистина квалитетни остварувања кои го надминуваат бројот од 200 претстави“ вели Борче Димитровски, директор на Центар за култура Битола.
Учесниците ќе се борат за престижната награда Гран При  која ќе ја додели меѓународно жири на чело со претседателот Јуриј Назаров од Русија. Селектор на фестивалот е познатиот битолски актер Петар Мирчевски.
Фестивалот ќе го отвори претставата „Животот на Молиер“ во режија на Александар Поповски а во изведба на МНТ Скопје.
Фестивалот на монодрама Битола е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

festival na monodrama 1

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en