БИТ ФЕСТ СО НАД ПОЛОВИНА МИЛИОН ПУБЛИКА

bitfest 2015

Во сабота на 27.06.2015 година со филмска музика на Битолскиот камерен оркестар и Примадоната Весна Гиновска – Илкова, официјално започнува една од најзначајните манифестации од мултимедијален културен карактер, јубилејното десетто издание на БИТ ФЕСТ 2015, кое се организира во соработка со културните институции и граѓанските здруженија од општината, а под покровителство на градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.


Изминатите девет години на БИТ ФЕСТ беа одржани над двеста настани од областа на класичната музика, над триста рок-поп, етно џез музицирања, повеќе од педесетина театарски претстави, над седумдесет реализирани изложби, над сто настани од областа на литературата. Публиката во овие девет години имаше прилика да погледне повеќе од деведесетина значајни филмски остварувања, реализирани се повеќе од педесетина независни фестивалски концепти, над педесетина мултимедијални проекти и над четириесет и пет социо-културни настани. Во изминативе години се случиле над две илјади настани со над дваесет илјади изведувачи, кои биле посетени од над половина милион публика.
Годинава десеттото јубулејно издание донесува значајни културни случувања а дел од нив се:
Симфонискиот оркестар од Утрет – Холандија, израелската театарска претстава „Нашиот глас“, интернационалните театарски продукции од Шекспир фестивалот, познатата рок група „Ван Гог“, јубилејното 45 издание на Илинденски денови и секако големите концерти на Фолтин и битолчаните Ламбе и Димитар. И годинава во шеесетте фестивалски дена нудиме над сто и осумдесет културни наслови кои вклучуваат многу повеќе случувања и кои Битола како многувековна урбана значајна точка на културната светска мапа, буквално ја прават една голема сцена на креативноста и создавањето

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en