КОНЦЕРТ НА СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР - 20.08.2015

simf orkestar

На програмата се дела од Бокерини, Моцарт и Шуберт
Солист: Жарко Паунов-пијано
Диригент: Георги Здравев

Четврток - 20 август - 2015    / 20:00ч. /
Народен театар Битола

Биографија
simf orkestar 01Жарко Паунов е роден 1989 год. во Штип. Нижото и средното музичко образование ги завршува во ДМУЦ “Сергеј Михајлов” – Штип во класата на проф. Ирена и Станка Спасикови.
Менторски работел и со проф. Нина Среброва-Илиевска во Скопје. Музичките студии ги продолжува на ФМУ - Скопје при универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во класата на проф.Борис Романов каде што дипломира и магистрира со највисоката оценка CumLaude. Моментално ги завршува вторите постдипломски студии во класата на проф. Аделе Арно' на најголемиот музички институт во Италија, Конзерваториумот “Џ. Верди” – Милано.

Во досегашната пијанистичка кариера бележи бројни настапи во Македонија:
Рецитали во Штип (фестивал Штипско културно Лето), настапи во Охрид (фестивал Охридско Лето), Скопје, Струмица, Гевгелија. Настапува успешно и во Милано, Италија, во познатите сали Џ. Пучини и Џ. Верди, во Универзитетот “Бикока”, на манифестациите “Piano City Milano” и “Festa della Musica”. Во октомври 2015 е повикан да оддржи рецитал во Музејот на Миланската Скала на пијаното на Франц Лист во рамките на “Milano Expo 2015”.
Како солист со оркестар има настапувано со Македонската Филхармонија, со Симфонискиот оркестар “Џ. Верди” во Аудиториум - Милано, и со Гудачки Квинтет во Домот на арменската култура - Милано.
Има учествувано на повеќе интернационални пијанистички семинари со еминентни професори како Борис Романов, Рита Кинка, Александар Маџар, Ролф Плаге, Леонид Маргариус, Доминик Мерле.

Награди:
Прва награда на Мегународниот натпревар “Gradus ad Parnassum ”во Крагујевац, Србија 2005.
Прва награда на Државниот натпревар во Битола 2007.
Прва награда на Полфион Конкурс на ФМУ – Скопје 2010.
Прва награда на натпреварот “Фортунато и Ливија Луизети” Милано 2014.
Во 2014 и 2015 е добитник на стипендијата за странски успешни студенти од
Министерството за надоврешни работи во Италија.

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en