Наташа Атлас по Париз, Женева, Минхен, во Битола

natacha atlas 00

Светски познатата пејачка ѕвезда Наташа Атлас,  по концертите во Париз, Женева, Минхен, Вроцлав,  на 6 ноември доаѓа во Битола на седмото издание на Фестивалот на музика од светот во организација на Центар за култура Битола.

Наташа е препознатлива по нејзниот успех во обединувањето на Западната и Источната класична музика, особено по нејзиното комбинирање на најсовремениот електронски звук со арапски мелодии и инструменти.Таа досега соработувала со ѕвезди како  Питер Габриел, Шинед О’Конор, Жан Мишел Жар и многу други.
- Седмото издание на Фестивалот на музика од светот нуди два ретки концерти и го потврдува трендот на врвни музички имиња што гостуваат во Битола. Годинава имаме најатрактивна програма, на 5 ноември ќе гостува Керим Ѓорсев, врвен џез пијанист од Турција кој со своето трио ќе настапи во придружба на Камерниот оркестар на Битола. Следниот ден, на 6 ноември во големата сала на Центарот за култура ќе настапи светската ѕвезда Наташа Атлас, која во Битола воедно ќе ја има промоцијата на нејзиниот најнов албум чиј продуцент е прославениот музичар Ибрахим Малуф– рече Борче Димитровски, директор на Центар за култура Битола, на средбата со новинарите.
За време на фестивалот во Битола ќе се промовира  албумот „Шербет Љубојна“ на групата Љубојна. Гостин на албумот е Исмаил Лумановски а издавач на албумот , Центар за култура Битола.

natacha atlas
Фестивалот на музика од светот е поддржан од Министерството за култура,  Дирекција за култура и уметност Скопје, Турски културен центар Јунус Емре Скопје,  Францускиот Институт и Француската Алијанса со седиште во Битола.

Наташа Мустафа
Лице за односи со јавност
Фестивал на музика од светот

top destinations enfoto galerija enmapa ennastani en

smestuvanje enrestorani picerii enturisticki enkako do bt en