Македонија под Турско ропство

Категорија: Историја (History of Bitola)

Почетокот на турските завојувања на Балканот најавиле и нова ера на живеење. Турските војски во текот на 1382/3 год по многу тешки и крвави борби и по исклучително жестокиот отпор кој го пружило локалното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдината.

Крвавите битки кои се воделе во овој период влијаеле врз масовно раселување на еден поголем дел од населението од Битола во околните села, што делумно го олеснило колонизирањето на несловенско муслиманско население. Така во овој период биле колонизирани поголем број на Турци, Черкези, Јуруци, Коњари и Роми. Ваквата состојба ја изменила сликата на градот затоа што за потребите на новодоселеното население се граделе различни исламски објекти, џамии, медреси, амами, сараи и вооп што сé она што било потребно за нормален живот на тоа население.
Од овој период всушност започнува и „ориенталното” вообличување на градот што било резултат токму на изградбата на ваквиот тип објекти, но и на ориенталните градителски техники и стилови. Во периодот на XVI - XVII век, период на историски но и културни промени, од страна на турската администрација градот Битола започнува да биде именуван како Манастир или Толи Манастир. Сепак во целиот период на своето постоење името Битола никогаш не било заборавено туку напротив од страна на христијанското население тоа било во секојдневна употреба.
Се претпоставува дека името Манастир е резултат на легендата за седумдесетте цркви и манастири кои постоеле во Битола во периодот на доаѓање на Турците или пак како што Евлија Челебија раскажува дека на овој простор уште во времето на Александар Велики постоел голем манастир поради што и самото место било наречено Манастир. Иако овие информации не може со сигурност да се потврдат сепак сосема е веројатно бројот на црквите и манастирите да биде причина зошто овој град го добил името Манастир.
Битола поради својата местоположба, на крстопатот помеѓу сите најзначајни патни правци (исток, запад, север и југ), уште од најраниот период на турското завладување го добила заслуженото значење при што станала значаен воено - стратешки центар што било само потврдено во 1830 год. кога таа станува и политички центар на Румелискиот Вилает. По распаѓањето на тимаро - спахискиот систем и интензивираните малтретирања од страна на чифликсајбиите дошло и до нови промени во етничката структура на населението во Битола. Во врска со ваквата ситуација важно е да се спомене повторното населување на дел од христијанското население од селата во градот.
Етничката и верската разноликост и толеранција доаѓа до израз и при доселувањето на голем број Евреи од Шпанија и Португалија во текот на XV - XVI век. Со нивното доаѓање биле извршени значајни структурни промени во етничкиот и верскиот состав на населението. Евреите додале свој поинаков печат на времето во кое опстојувале на овој простор. Со влегувањето на овој поинаков етнички и културен елемент се зголемила разноликоста на културната слика на градот. Начинот на облекување, исхраната, религиските убедувања наоѓале свој одраз во секојдневното опстојување и функционирање на градот. Двете најголеми еврејски синагоги, кои денес за жал не постојат, биле значаен елемент во религиозната разноликост на градот.
Ентериер на синагогата во Битола (се наоѓала во близина на Безистенот)
Со доаѓањето на Евреите во Битола започнале да се чувствуваат и промени во развојот на трговијата и занаетчиството. Евреите како познати трговци дале неоспорен допринос во развојот и проширувањето на трговските врски на Битола со најзначајните европски и светски трговски центри. Со доселувањето на Евреите во Битола не биле запрени етничките промени во регионот, затоа што веќе во XVIII век во околните села, но и во градот, се чувствува сé поголемо присуство на Власи.
Главната причина за ваквите процеси се должи на долгогодишните злосторства и грабежи кои ги вршел познатиот разбојник Али - паша Јанински. Тој во 1788 год. го запалил градот Москополе по што голем број на Власи своето уточиште го нашле во Битола. Власите како и Евреите дале свој допринос во развојот и на занаетчиството, но можеби и повеќе во развојот на трговијата.
Под влијание на сите овие настани Битола се развивала со мошне забрзано темпо станувајќи најзначаен трговски центар на Балканот. Во овој период градот добива и една поинаква физиономија. Расположен во пелагониската котлина, опкружен со илјадници стогодишни дрвја и исполнет со дрвореди тој претставувал своевиден рај. Реката и десетината камени или дрвени мостови, убавите приземни или на спрат изградени куќи поделени во дваесет и едно маало ја сочинувале исклучителната физиономија на градот.
Во почетокот на XIX век, период на економски просперитет, во Битола постоеле многу пазари и околу триесетина други локации каде се произведувале и продавале различни производи, но сепак сите тие поделени според видот на стоките и производите кои на нив се продавале: Дрвен Пазар, Житни пазар, Маст Пазар, Ат Пазар и др.. Некои од овие топоними каде во минатото постоеле вакви пазари и до денес го зачувале истото име иако пазарите одамна не постојат. На овие пазари можеле да се слушнат најразлични јазици и да се склучат најразлични договори. Скоро и да не постоел трговец во градот кој не зборувал барем еден странски јазик. Освен диференцијацијата на пазарите според видот на стоки и производи кои на нив се продавале значајна била и диференцијацијата на по одделни занаетчиски дејности.
Flash
Битолски пазари и занаети
Во периодот на процут на занаетчиството во Битола постоеле преку 130 видови на занаети, наменети за задоволување на потребите на населението и војската, но и производи наменети за странските пазари. Занаетите биле поделени според видови на различни локации или пак во различни улички во чаршијата. Во современи услови бројот на занети кои опстојуваат е исклучително мал но сепак до денес останале некои од имињата на занаетите по кои се препознавале одредени улички во делот од чаршијата. како што е случај со уличката „кај ѕвончарите”, “кај ковачите” и сл.. Овие локации и термини кои се зачувале до денес а кои навидум се само обични податоци во својата суштина ја кријат приказната за едно друго време и едни поинакви услови, па според тоа нивното културно значење е огромно.
Трговскиот и занаетчискиот подем на градот сосема разбирливо довеле и до своевиден економскиот просперитет на Битола. Развиените трговски врски со големите европски центри овозможувале проток на различни информации и различни трендови. Економскиот просперитет на Битола во текот на XIX век извршил и своевидно влијание во акцентирањето на неговата стратешка и политичка улога. Взаемното дејствување на политичките и економските интереси довело до создавање на една поинаква слика на градот.
Седумдесетте верски објекти, кои ги споменуваа патеписците, од кои некои како вредни културни споменици се зачувани и до денес, требало да претставуваат дом за сите муслимански верници во градот каде освен цивилното муслиманско население во еден период биле стационирани и 30000 војници. Оваа повеќеилјадна војска била стационирана во Црвената и Белата Касарна кои биле изградени во 1837 односно 1844 год.
Бела касарна (1844 - 1917)
Средината на XIX век е период кога најголемите европски сили сакајќи да го зајакнат своето влијание на Балканот, а потоа и да го прошират кон исток започнуваат да ги засилуваат своите дипломатски активности. Ваквите интереси довеле до оформување на една нова поинаква „Конзулска Битола”. Може слободно да се рече дека во овој период Битола достигнува највисок економски, политички, па и културен просперитет. Ова е период кога најмоќните европски сили Англија, Австрија, Франција, Италија, Русија, Србија, Романија, Бугарија и Грција во Битола отворија свои конзуларни претставништва.
Афинитетите на некои од наведените држави и нивните конзуларните претставништвата изразени преку пропагандата, не биле само политички и економски туку и територијални што ќе се покаже подоцна при поделбата на Македонија. Развиените трговски врски со Виена, Лајпциг, Трст, Марсеј, Цариград и други значајни трговски центри со отварањето на дипломатските претставништва само биле продлабочени. Економскиот просперитет на градот влијае и врз отворањето на големата Отоманска Банка, на Француската Банка и на уште неколку вакви големи финансиски институции.
На ваков начин економски но и политички Битола станала место каде лесно доаѓале и се прифаќале најразлични влијанија, но овој пат европски. Врз традиционалните градителски техники се надградуваат новите европски стилови и влијанија. Куќите во декоративна смисла ја добивале физиономијата на европски куќи какви што се среќавале во европските градови, но во смисол на фунционалноста тие останале во рамките на традицијата.
Некогашните долапи постепено се заменуваат со најразлични креденци и шкафови. Порцеланот станува сé поприфатен од богатите битолски фамилии. Некогашните обични газиени ламби се заменети со нови порцелански увезени од Виена, Лајпциг, Минхен. Клавирите и пијаната кои ги имало во огромен број во градот стануваат предмет на престиж. Дури и оние битолски фамилии кои немале нити еден музички образован член поседувале свои клавири затоа што тоа им обезбедувало своевиден углед во градот. Оттука всушност доаѓа и епитетот „град на клавирите”. Промените се чувствувале на секој чекор. Европската мода ја заменила некогашната традиционална облека.
Изложба - Клавирите во Битола (НУ Завод и Музеј Битола)
Широк Сокак, главната градска улица станала место каде богатите дами и госпоѓи секогаш дотерани по најнова мода, шушкале со своите фустани предизвикувајќи бројни воздишки и привлекувајќи туѓи погледи. Во околните меани и кафеани најчесто пропратени со кафе, локум и цигари се воделе најразлични дискусии, се зборувало за актуелните политички или економски случувања, се договарале нови трговски зделки, но се дофрлале и шеретски погледи кон младите госпоѓи кои токму тука пред овие господа излегле да се прошетаат. Звуците на пајтоните и серенадите биле речиси нераскинлив придружен елемент на секојдневието на Широк Сокак.
Битолска меана
Излетите на некое од дваесеттината околни излетнички места или пак на Тумбе Кафе, обилните јадења, студената и бистра вода со која изобилува пределот како и високите молики го правеле овој амбиент толку топол што едноставно овој град го приврзувал за срце.
Овој период на раскош, вечерни балови, журови и конзулски забави не бил многу долг. Покрај целокупното изобилство и богатство на градот и одреден круг на негови жители, сепак Битола претставувала и град во кој бројот на сиромашните бил исклучително висок. Ваквиот контраст на градот всушност бил дел од неговото секојдневие, дел од неговото битисување и опстојување, што воопшто не го нарушувал општиот впечаток за градот. Лошата економска состојба кај дел од населението не само во Битола туку и воопшто во Империјата, постепено наоѓа одраз и во нејзините бројни внатрешни превирања што довело до драстични општествени и политички промени.
Целокупниот револт и гнев кој населението го собирал во својата душа во петстотините години турско ропство нашло своевиден одек во настаните кои следувале. Теророт и убиствата претставувале увертира која ги забрзала и интензивирала подготовките околу подигањето на востание кои не ја одминаа Битола. Убиствата на неколкумина видни битолчани кои се случиле само неколку месеци пред востанието, а кои биле резултат на турската одмазда за солунските атентати, само го зголемувале вриежот и незадоволството на широките народни маси.
Илинденското Востание и покрај сета преданост на населението и покрај сите желби и подготовки сепак по еден краток успешен период заврши безуспешно. Тоа повторно доведе до колежи, убиства, максимална суровост во секој поглед. На очиглед на сите биле измачувани и убивани бројни востанички групи и нивни помагачи. Тропотот на пајтоните бил заменет со тропотот на прангите кои одекнувале по улиците носејќи ги во неповрат борците за слобода. Периодот кој следеше, обидите за продолжување на секојдневните активности на населението сепак  не доведоа до оној некогашен сјај на Битола.
Младотурската револуција довела ред промени кои мошне интензивно се чувствувале и во Битола како еден од центрите на моќ на турската империја во овој дел на Балканот.
Објавувањето на Хуриетот во 1908 год. масовно било прославено на Широк Сокак од страна на младотурците но и од страна 1.200те политички затвореници кои тие ги ослободиле од битолските затвори. Задушувањето на превратот на режимот му обезбедило уште неколкугодишно владеење. Еден многу важен момент од овој период за Битола е посетата на турскиот султан Решад V во 1911 год. кога битолските кујунџии му подариле рачно изработена позлатена масичка и златна мастилница. Покрај сиот сјај на султановиот пречек набрзо доаѓа до вистински пад на турското владеење со Битола.
Златарот Фила со соработниците кои како подарок на Општината за султанот Решад V изработиле масичка од злато и сребро снимени пред дуќанот на Фила (1911 г.)
Сјајот и падот на величествената Битола, неговото богатство и сиромаштија остана засекогаш  овековечена од оштрото око на првиот снимател на Балканот Милтон Манаки. Секоја негова фотографија, секој кадар и секоја сцена ни овозможува и денес сосема јасно да го согледаме одмотувањето на историските јазли и историските настани. Тие негови слики останати да сведочат за едно друго време ни ја прикажуваат состојба и времето токму онака како што Манаки и неговите современици ја гледале и како што реално ја живееле.
Браќа Манаки

Почетокот на турските завојувања на Балканот најавиле и нова ера на живеење. Турските војски во текот на 1382/3 год по многу тешки и крвави борби и по исклучително жестокиот отпор кој го пружило локалното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдината.

Крвавите битки кои се воделе во овој период влијаеле врз масовно раселување на еден поголем дел од населението од Битола во околните села, што делумно го олеснило колонизирањето на несловенско муслиманско население. Така во овој период биле колонизирани поголем број на Турци, Черкези, Јуруци, Коњари и Роми. Ваквата состојба ја изменила сликата на градот затоа што за потребите на новодоселеното население се граделе различни исламски објекти, џамии, медреси, амами, сараи и воопшто сé она што било потребно за нормален живот на тоа население.

Од овој период всушност започнува и „ориенталното” вообличување на градот што било резултат токму на изградбата на ваквиот тип објекти, но и на ориенталните градителски техники и стилови. Во периодот на XVI - XVII век, период на историски но и културни промени, од страна на турската администрација градот Битола започнува да биде именуван како Манастир или Толи Манастир. Сепак во целиот период на своето постоење името Битола никогаш не било заборавено туку напротив од страна на христијанското население тоа било во секојдневна употреба.

Се претпоставува дека името Манастир е резултат на легендата за седумдесетте цркви и манастири кои постоеле во Битола во периодот на доаѓање на Турците или пак како што Евлија Челебија раскажува дека на овој простор уште во времето на Александар Велики постоел голем манастир поради што и самото место било наречено Манастир. Иако овие информации не може со сигурност да се потврдат сепак сосема е веројатно бројот на црквите и манастирите да биде причина зошто овој град го добил името Манастир.

Битола поради својата местоположба, на крстопатот помеѓу сите најзначајни патни правци (исток, запад, север и југ), уште од најраниот период на турското завладување го добила заслуженото значење при што станала значаен воено - стратешки центар што било само потврдено во 1830 год. кога таа станува и политички центар на Румелискиот Вилает. По распаѓањето на тимаро - спахискиот систем и интензивираните малтретирања од страна на чифликсајбиите дошло и до нови промени во етничката структура на населението во Битола. Во врска со ваквата ситуација важно е да се спомене повторното населување на дел од христијанското население од селата во градот.

Етничката и верската разноликост и толеранција доаѓа до израз и при доселувањето на голем број Евреи од Шпанија и Португалија во текот на XV - XVI век. Со нивното доаѓање биле извршени значајни структурни промени во етничкиот и верскиот состав на населението. Евреите додале свој поинаков печат на времето во кое опстојувале на овој простор. Со влегувањето на овој поинаков етнички и културен елемент се зголемила разноликоста на културната слика на градот. Начинот на облекување, исхраната, религиските убедувања наоѓале свој одраз во секојдневното опстојување и функционирање на градот. Двете најголеми еврејски синагоги, кои денес за жал не постојат, биле значаен елемент во религиозната разноликост на градот.

Ентериер на синагога

Ентериер на синагогата во Битола (се наоѓала во близина на Безистенот)

 

Со доаѓањето на Евреите во Битола започнале да се чувствуваат и промени во развојот на трговијата и занаетчиството. Евреите како познати трговци дале неоспорен допринос во развојот и проширувањето на трговските врски на Битола со најзначајните европски и светски трговски центри. Со доселувањето на Евреите во Битола не биле запрени етничките промени во регионот, затоа што веќе во XVIII век во околните села, но и во градот, се чувствува сé поголемо присуство на Власи.

Главната причина за ваквите процеси се должи на долгогодишните злосторства и грабежи кои ги вршел познатиот разбојник Али - паша Јанински. Тој во 1788 год. го запалил градот Москополе по што голем број на Власи своето уточиште го нашле во Битола. Власите како и Евреите дале свој допринос во развојот и на занаетчиството, но можеби и повеќе во развојот на трговијата.

Под влијание на сите овие настани Битола се развивала со мошне забрзано темпо станувајќи најзначаен трговски центар на Балканот. Во овој период градот добива и една поинаква физиономија. Расположен во пелагониската котлина, опкружен со илјадници стогодишни дрвја и исполнет со дрвореди тој претставувал своевиден рај. Реката и десетината камени или дрвени мостови, убавите приземни или на спрат изградени куќи поделени во дваесет и едно маало ја сочинувале исклучителната физиономија на градот.

Во почетокот на XIX век, период на економски просперитет, во Битола постоеле многу пазари и околу триесетина други локации каде се произведувале и продавале различни производи, но сепак сите тие поделени според видот на стоките и производите кои на нив се продавале: Дрвен Пазар, Житни пазар, Маст Пазар, Ат Пазар и др.. Некои од овие топоними каде во минатото постоеле вакви пазари и до денес го зачувале истото име иако пазарите одамна не постојат. На овие пазари можеле да се слушнат најразлични јазици и да се склучат најразлични договори. Скоро и да не постоел трговец во градот кој не зборувал барем еден странски јазик. Освен диференцијацијата на пазарите според видот на стоки и производи кои на нив се продавале значајна била и диференцијацијата на по одделни занаетчиски дејности.

 

Битолски пазари и занаети

pazari-bitola-01

 

pazari-bitola-04

pazari-bitola-05

pazari-bitola-06

pazari-bitola-07

pazari-bitola-08

pazari-bitola-09

pazari-bitola-10

Во периодот на процут на занаетчиството во Битола постоеле преку 130 видови на занаети, наменети за задоволување на потребите на населението и војската, но и производи наменети за странските пазари. Занаетите биле поделени според видови на различни локации или пак во различни улички во чаршијата. Во современи услови бројот на занети кои опстојуваат е исклучително мал но сепак до денес останале некои од имињата на занаетите по кои се препознавале одредени улички во делот од чаршијата. како што е случај со уличката „кај ѕвончарите”, “кај ковачите” и сл.. Овие локации и термини кои се зачувале до денес а кои навидум се само обични податоци во својата суштина ја кријат приказната за едно друго време и едни поинакви услови, па според тоа нивното културно значење е огромно.

Трговскиот и занаетчискиот подем на градот сосема разбирливо довеле и до своевиден економскиот просперитет на Битола. Развиените трговски врски со големите европски центри овозможувале проток на различни информации и различни трендови. Економскиот просперитет на Битола во текот на XIX век извршил и своевидно влијание во акцентирањето на неговата стратешка и политичка улога. Взаемното дејствување на политичките и економските интереси довело до создавање на една поинаква слика на градот.

Седумдесетте верски објекти, кои ги споменуваа патеписците, од кои некои како вредни културни споменици се зачувани и до денес, требало да претставуваат дом за сите муслимански верници во градот каде освен цивилното муслиманско население во еден период биле стационирани и 30000 војници. Оваа повеќеилјадна војска била стационирана во Црвената и Белата Касарна кои биле изградени во 1837 односно 1844 год.

Бела касарна

Бела касарна (1844 - 1917)

 

Средината на XIX век е период кога најголемите европски сили сакајќи да го зајакнат своето влијание на Балканот, а потоа и да го прошират кон исток започнуваат да ги засилуваат своите дипломатски активности. Ваквите интереси довеле до оформување на една нова поинаква „Конзулска Битола”. Може слободно да се рече дека во овој период Битола достигнува највисок економски, политички, па и културен просперитет. Ова е период кога најмоќните европски сили Англија, Австрија, Франција, Италија, Русија, Србија, Романија, Бугарија и Грција во Битола отворија свои конзуларни претставништва.

 

Афинитетите на некои од наведените држави и нивните конзуларните претставништвата изразени преку пропагандата, не биле само политички и економски туку и територијални што ќе се покаже подоцна при поделбата на Македонија. Развиените трговски врски со Виена, Лајпциг, Трст, Марсеј, Цариград и други значајни трговски центри со отварањето на дипломатските претставништва само биле продлабочени. Економскиот просперитет на градот влијае и врз отворањето на големата Отоманска Банка, на Француската Банка и на уште неколку вакви големи финансиски институции.

На ваков начин економски но и политички Битола станала место каде лесно доаѓале и се прифаќале најразлични влијанија, но овој пат европски. Врз традиционалните градителски техники се надградуваат новите европски стилови и влијанија. Куќите во декоративна смисла ја добивале физиономијата на европски куќи какви што се среќавале во европските градови, но во смисол на фунционалноста тие останале во рамките на традицијата.

Некогашните долапи постепено се заменуваат со најразлични креденци и шкафови. Порцеланот станува сé поприфатен од богатите битолски фамилии. Некогашните обични газиени ламби се заменети со нови порцелански увезени од Виена, Лајпциг, Минхен. Клавирите и пијаната кои ги имало во огромен број во градот стануваат предмет на престиж. Дури и оние битолски фамилии кои немале нити еден музички образован член поседувале свои клавири затоа што тоа им обезбедувало своевиден углед во градот. Оттука всушност доаѓа и епитетот „град на клавирите”. Промените се чувствувале на секој чекор. Европската мода ја заменила некогашната традиционална облека.

Клавирите во Битола

Изложба - Клавирите во Битола (НУ Завод и Музеј Битола)

 

Широк Сокак, главната градска улица станала место каде богатите дами и госпоѓи секогаш дотерани по најнова мода, шушкале со своите фустани предизвикувајќи бројни воздишки и привлекувајќи туѓи погледи. Во околните меани и кафеани најчесто пропратени со кафе, локум и цигари се воделе најразлични дискусии, се зборувало за актуелните политички или економски случувања, се договарале нови трговски зделки, но се дофрлале и шеретски погледи кон младите госпоѓи кои токму тука пред овие господа излегле да се прошетаат. Звуците на пајтоните и серенадите биле речиси нераскинлив придружен елемент на секојдневието на Широк Сокак.

Битолска меана

Битолска меана

 

Излетите на некое од дваесеттината околни излетнички места или пак на Тумбе Кафе, обилните јадења, студената и бистра вода со која изобилува пределот како и високите молики го правеле овој амбиент толку топол што едноставно овој град го приврзувал за срце.

Овој период на раскош, вечерни балови, журови и конзулски забави не бил многу долг. Покрај целокупното изобилство и богатство на градот и одреден круг на негови жители, сепак Битола претставувала и град во кој бројот на сиромашните бил исклучително висок. Ваквиот контраст на градот всушност бил дел од неговото секојдневие, дел од неговото битисување и опстојување, што воопшто не го нарушувал општиот впечаток за градот. Лошата економска состојба кај дел од населението не само во Битола туку и воопшто во Империјата, постепено наоѓа одраз и во нејзините бројни внатрешни превирања што довело до драстични општествени и политички промени.

Целокупниот револт и гнев кој населението го собирал во својата душа во петстотините години турско ропство нашло своевиден одек во настаните кои следувале. Теророт и убиствата претставувале увертира која ги забрзала и интензивирала подготовките околу подигањето на востание кои не ја одминаа Битола. Убиствата на неколкумина видни битолчани кои се случиле само неколку месеци пред востанието, а кои биле резултат на турската одмазда за солунските атентати, само го зголемувале вриежот и незадоволството на широките народни маси.

Илинденското Востание и покрај сета преданост на населението и покрај сите желби и подготовки сепак по еден краток успешен период заврши безуспешно. Тоа повторно доведе до колежи, убиства, максимална суровост во секој поглед. На очиглед на сите биле измачувани и убивани бројни востанички групи и нивни помагачи. Тропотот на пајтоните бил заменет со тропотот на прангите кои одекнувале по улиците носејќи ги во неповрат борците за слобода. Периодот кој следеше, обидите за продолжување на секојдневните активности на населението сепак  не доведоа до оној некогашен сјај на Битола.

Младотурската револуција довела ред промени кои мошне интензивно се чувствувале и во Битола како еден од центрите на моќ на турската империја во овој дел на Балканот.

Објавувањето на Хуриетот во 1908 год. масовно било прославено на Широк Сокак од страна на младотурците но и од страна 1.200те политички затвореници кои тие ги ослободиле од битолските затвори. Задушувањето на превратот на режимот му обезбедило уште неколкугодишно владеење. Еден многу важен момент од овој период за Битола е посетата на турскиот султан Решад V во 1911 год. кога битолските кујунџии му подариле рачно изработена позлатена масичка и златна мастилница. Покрај сиот сјај на султановиот пречек набрзо доаѓа до вистински пад на турското владеење со Битола.

Златарот Фила

Златарот Фила со соработниците кои како подарок на Општината за султанот Решад V изработиле масичка од злато и сребро снимени пред дуќанот на Фила (1911 г.)

 

Сјајот и падот на величествената Битола, неговото богатство и сиромаштија остана засекогаш  овековечена од оштрото око на првиот снимател на Балканот Милтон Манаки. Секоја негова фотографија, секој кадар и секоја сцена ни овозможува и денес сосема јасно да го согледаме одмотувањето на историските јазли и историските настани. Тие негови слики останати да сведочат за едно друго време ни ја прикажуваат состојба и времето токму онака како што Манаки и неговите современици ја гледале и како што реално ја живееле.

Браќа Манаки

Браќа Манаки

 

Текст: Мери Стојанова

НУ Завод и Музеј Битола

 

Related

No result...